Грајмс открива дека Илон Маск живее на „раб на сиромаштија“: „Немавме обезбедување, соседите нè снимаа - тој не дава пари за нас“
- Детали
- вторник, 15 март 2022
Поранешната девојка на Илон Маск, Грајмс, откри дека со милијардерот живееле во скромен дом од 40.000 долари без никакво обезбедување, како и дека тој не сакал да троши пари ни за неопходни работи, како душек за спиење, а најмногу ѝ пречело тоа што тој сака да живее на работ на сиромаштија, без разлика што „тежи“ повеќе од 200 милијарди долари.
Грајмс, поранешната девојка на Илон Маск и мајка на неговите две најмали деца, откри дека таа и милијардерот живееле на „раб на сиромаштија“, без разлика што тој е еден од најбогатите луѓе на планетата.
Во интервју за Vanity Fair, 33-годишната пејачка отворено зборуваше за врската со Илон и заедничката грижа за нивните деца со необични имиња.
Илон и Грајмс ја почнаа врската во 2018-та, а истата година првпат се појавија заедно како пар на Мет галата.
Во 2020-та тие го добија првото дете, синот X Æ A-Xii, а набрзо потоа се разделија. Неодамна, додека беа разделени, тие добија уште едно дете, ќерката Exa Dark Sideræl, а Грајмс откри дека во меѓувреме се смириле, но и раскинале уште еднаш.
Сега, во искреното интервју, Грајмс открива која била една од главните причини за нивната разделба.
Она што најмногу ѝ пречело на Грајмс била желбата на милијардерот да живее скромно, односно на работ на сиромаштија, без разлика што „тежи“ повеќе од 200 милијарди долари.
„Тој не живее како милијардер. Некогаш живее како многу сиромашна личност. До тој степен што морав да му речам дека не треба да живееме во небезбедна куќа од 40.000 долари.
Куќа каде што соседите можат да нè снимаат и нема никакво обезбедување и каде што морав да јадам само путер од кикиритки осум денови по ред“.
Пејачката вели дека најголемиот дел од парите Илон ги вложувал во SpaceX и мисијата до Марс, па речиси и да не трошел за него или семејството.
„Проектот со Марс е тежок. Од тоа нема профит. Нема како да се заработи. Овој проект е за човештвото и е опасен и скап. А, луѓето мислат дека Илон го трупа богатството. Не, тој ги троши сите пари за истражувања и развој“.
Минатата година Илон и самиот откри дека ги продал скоро сите недвижнини, како и дел од акциите во Tesla, по што се преселил во мала куќа која чини 50.000 долари.
„Мојот дом е куќа која вреди 50.000 долари и што ја изнајмувам од SpaceX“, гласеше твитот на милијардерот.
Наводно, домот за кој зборува милијардерот е монтажна куќа која се наоѓа на земјиштето на SpaceX.
Грајмс откри дека се во добар однос со Илон, а нивните деца минуваат време и со двајцата. Според неа, тие имале многу различни потреби и желби кога станува збор за дом, па одвоеното живеење, а потоа и разделбата, им се чинеле како најдоброто решение.
Пејачката вели дека Илон сакал ред и организираност, додека таа била покреативни.
Грајмс спомна дека Илон одбивал да троши пари и за неопходни работи. На пример, додека живееле заедно, пејачката инсистирала да купат нов душек, но тој не сакал, без разлика што тој што го имале бил пропаднат и практично неупотреблив.
Прочитајте повеќе: „Бившата“ на Илон Маск откри дека се смириле, но живеат одвоено откако добиле второ дете во тајност: „Се вика Y“
Спирова С. | Црнобело