„Бившата“ на Илон Маск откри дека се смириле, но живеат одвоено откако добиле второ дете во тајност: „Се вика Y“
- Детали
- четврток, 10 март 2022
„Веројатно ќе кажам дека Илон ми е момче. Но, живееме во одвоени куќи, не очекуваме другите луѓе тоа да го разберат“ – вели Грајмс, откако откри дека добиле второ заедничко дете неколку месеци по раскинувањето, кое го викаат Y. Комплициран љубовен однос...
Пејачката Грајмс (33) која е позната по својот специфичен стил и која беше во врска со милијардерот Илон Маск (50) неочекувано призна дека тие заедно го добиле второто дете преку сурогат мајка.
Илон и Грајмс го дочекаа синот X Æ A-12 во мај 2020-та година, а годинава додека правела интервју за Vanity Fair пејачката која се раздели од познатиот милијардер во септември минатата година приреди вистинско изненадување за јавноста.
Кога новинарите пристигнале во нејзината куќа таа им рекла дека синот е со татко му. Така сите останале збунети кога наеднаш од катот во куќата се слушнал бебешки плач.
По ова, откако новинарите сведочеле на бебешки плач, таа неочекувано призна дека со Маск го добиле второто дете преку сурогат-мајка.
„Има малку грчеви. Не знам, не знам што мислев“ – рекла Грајмс откако сфатила дека нејзината тајна е откриена и дека јавноста ќе дознае дека тие имаат уште едно заедничко дете.
Грајмс прво не го откри во целост името на нивната ќерка, но рече дека ја викаат „Y“ , што е согласно, ако се земе предвид дека нејзиниот постар брат скратено се вика „X“.
Сепак, неколку дена по интервјуто одлучила во телефонска порака во целост да го каже името на ќерка ѝ, која се вика Exa Dark Sideræl Musk, а вели дека значењето на името е оган.
Y била родена во декември 2021-ва година преку сурогат-мајка или само неколку месеци откако Грајмс и Илон Маск јавно ја раскинаа три-годишната врска. Сепак, Грајмс признава дека на некој начин тие повторно се смириле.
„Најверојатно за него ќе кажам дека ми е момче. Но, мошне сме непостојани.
Живееме во одвоени куќи. Ние сме најдобри пријатели. Се гледаме постојано. Ги живееме животите онака како што ни одговара и не очекуваме другите луѓе тоа да го разберат“ – вели таа.
Грајмс вели дека таа и Илон во моментов се посреќни од кога било, а откри дека планираат да имаат уште деца заедно.
Б. С. Б. | Црнобело