„Кога одиш во продавница само по долна облека“ – Скандалозен потег на бившата на Канје Вест ја направи мета на критики
- Детали
- среда, 18 мај 2022
„Ако таа пазари во долна облека тогаш е модна икона, ако јас го направам тоа тогаш ќе ми забранат влез во продавница“ – стои во една од реакциите на социјалните мрежи откако фотографиите на Џулија Фокс која пазари во долна облека го обиколија светот. Актерката објасни зошто избрала таков аутфит и одговори на критиките.
Актерката која стана позната по краткото појавување со Канје Вест во Париз, деновиве пазареше во супер маркет, а на себеси носеше дизајнерска долна облека од Alexander Wang, тексас јакна и чизми.
Многумина сметаат дека папарацо фотографиите се наместени и дека актерката на тој начин се обидува да привлече внимание, по неуспешниот обид за врска со поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест.
„Смелиот“ аутфит на Џулија Фокс предизвика низа реакции на социјалните мрежи, а фотографиите, што и таа самата ги објави на Инстаграм станаа вистински хит на социјалните мрежи.
„Сигурно, кога Џулија Фокс оди да пазари во долна облека, веднаш станува модна икона. Ако јас го направам тоа, веќе не сум добредојден во маркетот“.
„Ова е Џулија Фокс која оди да пазари или Џулија Фокс која само бара внимание?“.
„Ставете ѝ некој долар во количката да може да си купи облека“.
Oh sure, when Julia Fox goes grocery shopping in her underwear, she's a fashion icon. But when I do it, I'm "no longer welcome in Whole Foods" https://t.co/Js2zmvSCLG
-->— David Gardner (@byDavidGardner) May 16, 2022
Ова се само дел од коментарите на Твитер, а актерката одлучи да одговори на коментарите и на Инстаграм Стори објасни зошто одлучила да се појави во толку оскудно издание.
„Кога сѐ друго е за перење, а мораш да одиш до продавница. Сметам дека ако овој изглед е општествено прифатлив на плажа, треба да биде прифатлив насекаде“ – напиша таа до една од фотографиите.
Што мислите вие? Дали за во продавница би можеле да се облекуваме исто како за на плажа?
Прочитајте и На 18 години работела во секс-клуб, направила слики со сопствената крв – Што знаеме за новата девојка на Канје Вест?
Б. С. Б. | Црнобело