На 18 години работела во секс-клуб, направила слики со сопствената крв – Што знаеме за новата девојка на Канје Вест?
- Детали
- вторник, 25 јануари 2022
На 18 години работела во клуб за секс-фантазии, каде доминирала со непознати мажи, направила изложба на уметнички дела насликани со сопствената крв - која е Џулија Фокс, новата девојка на Канје Вест, со која тој за првпат јавно се појави во Париз?
Новата девојка на Канје Вест (44), Џулија Фокс (31) е позната филмска актерка, режисерка и уметник. За обвинувањата дека со Канје е поради славата и милионите таа самата рече дека ова не ѝ е првпат да биде во врска со милијардери.
Зад себе има еден брак и е мајка на синот Валентино (1).
Во продолжение проследете неколку интересни факти за актерката што го освои раперот кој беше во брак со Ким Кардашијан:
Џулија Фокс е родена во Италија, а пораснала во Њујорк со нејзиниот татко. Таа во минатото изјави дека татко ѝ живеел како „осамен луд научник“.
„Во главно растев со него. Самохран татко. Кутар човек.
Мајка ми беше во Италија. Имам уште двајца помлади браќа. Еден од нив е на слична возраст со мене, а другиот има 15 години.
Петнаесетгодишниот брат живее во Италија со мајка ми, но постариот порасна со мене во Њујорк“ – рече таа за HighSnobiety.
Со глума почнала да се занимава уште во средно образование, а првата работа ѝ била да работи како доминантна жена во секс – клуб, каде доаѓале клиенти што сакале да играат секс игри со улоги.
„Тоа е легално. Немаше голотија, ниту пенетрација. Тоа беше само игра со улоги.
Само одев во соба со непознати мажи и ја играв улогата во стилот: ’Сега ќе доминирам со тебе‘.
Тоа почнав да го работам како тинејџер, затоа денес сум добра кога работам под притисок и можам да прочитам што е она што луѓето го сакаат. Лесно ги забележувам ситните детали“ – вели таа.
Џулија Фокс во 2015-тата година се појави на насловната страна на Playboy. Ова издание воедно беше последното разголено издание на списанието.
Таа има објавено две фотографски книги. Symptomatic of a Relationship Gone Sour: Heartburn/Nausea е книга со фотографии со три нејзини претходни романтични врски, а втората книга PTSD ги опфаќа нејзините искуства за време на престојот во сиромашните делови на Луизијана.
Во 2017-та година Џулија имала сопствена уметничка изложба насловена R.I.P Julia Fox каде биле опфатени уметнички дела насликани со нејзината крв на свила.
„Сакав да бидам автентична и единствена колку што е можно повеќе. Ја извадив крвта со шприц и сликав со шприцот на свила“ – рече таа.
Во 2019-та година таа се појави заедно со Адам Сендлер во филмот Uncut Gems.
За обвинувањата дека Џулија е со Канје поради славата и парите, таа рече дека цел живот постојано е во врска со милијардери.
Нема премногу податоци за тоа со кого била во врска досега, но се знае дека од 2018-та година таа беше во брак со пилотот на приватни авиони Питер Артемиев со кого го има синот Валентино (1).
За време на божиќните празници таа објави фотографија на Инстаграм од Питер со ѓаволски рогови и до неа напиша:
„Сте го виделе ли овој отсутен татко?“
По ова таа јавно му се извини на поранешниот сопруг и рече дека не го мислела тоа што го кажала.
Б. С. Б. | Црнобело