Страсни допири по тело, провокативни пози во автомобил - Кортни и Тревис објавија нови фотки од венчавката
- Детали
- вторник, 17 мај 2022
По втората, овојпат легална венчавка, Тревис и Кортни споделија фотографии од церемонијата и, нормално, не ги прескокнаа провокативните пози.
По „лажната“ венчавка во Лас Вегас, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер официјално стапија во брак со церемонија во Санта Барбара.
Покрај бројните папарацо фотки, сега и вљубениот пар сподели неколку фотографии од среќниот ден.
И Кортни и Тревис ги имаат споделено речиси истите фотографии, со опис: „Додека смртта не нè раздели“.
На повеќето црно-бели фотографии вљубениот пар позира во и врз винтиџ автомобил на кој има закачено натпис „Штотуку венчани“.
Нормално, во нивен стил, Кортни и Тревис не ја испуштија можноста за провокативни пози.
На една фотографија, Кортни е седната на хаубата од автомобилот со раширени нозе и Тревис стои пред неа, а лицето на ријалити ѕвездата го краси широка насмевка.
На друга фотографија, Кортни провоцира легната на предните седишта од автомобилот.
За посебниот ден, Кортни одбрала нетипична, многу кратка венчаница во комбинација со темни штикли. Тревис беше облечен во црно од глава до пети и носеше очила за сонце.
Иако на некој начин ова е веќе втора венчавка на парот, тие планираат и голема свадба во Италија.
„Прво мораа легално да стапат во брак пред големата италијанска венчавка, која ќе се случи наскоро. Сè е подготвено и целото семејство, вклучувајќи ги и сите деца, се многу возбудени“, вели извор за People.
Прочитајте повеќе: Кортни Кардашијан се омажи за Тревис облечена во мини фустан – баба ѝ била старосватица, сестрите не присуствуваа (фото)
Спирова С. | Црнобело