Адел страсно се бакнува со новиот дечко, откако купи нова куќа каде ќе живеат заедно и подалеку од бившиот сопруг (фото)
- Детали
- четврток, 12 мај 2022
„Мојот поранешен сопруг живее преку улица“ – откри минатата година британската пејачка Адел во интервјуата во кои говореше за разводот со Сајмон Конеки. Сега, непосредно по својот 34-ти роденден пејачката откри дека купила нов дом каде ќе живее со своето ново момче Рич Пол.
Познатата пејачка Адел (34) на Инстаграм објави повеќе фотографии со кои покажа дека со нејзиниот дечко Рич Пол (40) одлучиле да почнат да живеат заедно во новата палата вредна 50 милиони долари, која во минатото била во сопственост на познатиот актер Силвестер Сталоне.
Адел претходно поседуваше три други куќи во Беверли Хилс, пред да одлучи да ја купи новата куќа во јануари годинава.
Палатата зафаќа површина од 1.727 метри квадратни и има осум спални соби и 12 тоалети.
„Времето лета“ – напиша таа до серијата фотографии на кои се уловени повеќе заеднички моменти со нејзиното момче, од кои на едната се гледа како страсно се бакнуваат.
Прочитајте и Продавал дресови и купил куќа на 19 години, а денес има милиони - Кој е Рич Пол, новиот дечко на Адел, според гласините?
Минатата година Адел даде ексклузивно интервју во кое се отвори за разводот со Сајмон Конеки (48) и откри дека тие двајца живеат во непосредна близина со цел заеднички да го воспитуваат нивниот син Анџело (8).
„Само опстојувавме и не бевме среќни. Ниту еден од нас не направи нешто лошо. Ниту еден од нас не го повреди другиот, немаше ништо такво. Само сакав синот да ме види вистински вљубена и да бидам сакана. Тоа е мошне важно за мене“ – рече таа во интервјуто.
Прочитајте и Адел се отвори кај Опра: „Престанав да пијам бидејќи алкохолот го уништи татко ми, срам ми е што бракот ми се распадна“
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од куќата во која Адел ќе живее заедно со Рич Пол:
Б. С. Б. | Црнобело