Продавал дресови и купил куќа на 19 години, а денес има милиони - Кој е Рич Пол, новиот дечко на Адел, според гласините?
- Детали
- среда, 21 јули 2021
По разводот со Сajмон Конеки, Адел најверојатно има ново момче. Кој е Рич Пол и дали се точни гласините дека тој и славната пејачка се заедно?
Page Six повикувајќи се на сопствени извори тврди дека пејачката се гледа со спортскиот агент кој стои зад кариерата на Леброн Џејмс, Тристан Томпсон и други познати спортски ѕвезди.
Гласините за нивната наводна врска започнаа за време на натпреварот број 5 од финалето на НБА, кога Адел и Рич седеа заедно. И покрај тоа што веста за нивната врска се појави во сите поголеми медиуми, официјална потврда за нивната врска нема.
Гласините одат дотаму што се тврди дека Пол и Адел најверојатно биле заедно уште од мај годинава. Претходно, New Yorker пишуваше за кариерата на Пол и напомена дека тој се дружи со позната поп-ѕвезда. Но, тогаш Пол нагласи:
„Немам девојка. Сингл сум. Ставете го тоа во сторијата“
Два месеци подоцна, само еден кошаркарски натпревар на кој Рич и Адел се појавија заедно беше доволен за да се рашират гласините за нивната наводна врска.
Да се потсетиме, пејачката во 2019-тата се разведе од сопругот Сајмон Конеки и со него има едно дете, синот Анџело (8).
Што знаеме за Рич Пол?
По се изгледа Рич Пол отсекогаш бил предодреден за големи нешта. Тој пораснал во населба источно од Кливленд, Охајо, а на 19 години ја купил својата прва куќа.
Во тој период наводно заработувал по 10.000 долари неделно од продажба на винтиџ дресови од багажникот на неговиот автомобил.
Рич станал познат во спортската индустрија откако ги здружил силите со Леброн Џејмс во 2003 година. Тие се запознале на аеродром во Акрон, Охајо кога Рич имал само 21 година, а Леброн сè уште бил во средно училиште.
Наводно, светски познатиот кошаркар бил мошне заинтересиран за бизнисот со винтиџ дресови на Рич и останале во контакт.
Џејмс откако бил избран да се придружи на НБА лигата во 2003 година, тој прво го вработил Пол да работи како негов личен асистент и му понудил годишна плата од 50.000 долари.
Набрзо Рич се посветил и ги научил „тајните на занаетот“ и станал агент на Џејмс.
Четири години тој го застапувал Леброн преку друга спортска агенција, но во 2012-та година отворил сопствена агенција и секако го земал супер-спортистот со себе.
Како основач на Klutch Sports Group Рич денес претставува поголем број кошаркари на НБА. Во моментов има над 20 клиенти, меѓу кои се Леброн Џејмс, Тристан Томпсон, Бен Симонс, Џон Вол, Ентони Дејвис и др.
Најголемиот дел од неговите клиенти играат за Лос Анџелес Лејкерс, а се претпоставува дека тоа е така поради добрите односи со Леброн Џејмс.
Минатата година Рич Пол се најде на деветтото место на листата на најплатени спортски агенти, со процена дека заработил околу 46 милиони долари од договори. Се спомнува дека тој бил вклучен и во потпишување договори тешки и до 1,3 милијарди долари.
Тој е успешен, богат, има сопствена кариера и сопствена агенција, а дали гласините за наводната врска со Адел се точни или не, останува да видиме.
Инаку, Адел се проценува дека има околу 190 милиони долари на сопствената сметка и со тоа е една од најбогатите пејачки во музичката индустрија.
Погледнете уште неколку фотографии спортскиот настан на кој Адел и Рич се појавија заедно:
Б. С. Б. | Црнобело