Лекарите на Амбер Херд со нови бизарни детали – Џони Деп ѝ барал дрога на интимни места, ја обвинувал кога немале секс

amber-herd-tvrdi-djoni-dep-deka-i-baral-droga-vo-vaginata-a-ako-ne-mozhel-da-ima-seks-dodeka-e-pijan-ja-obvinuval-nea-12.jpg

Докторката Даун Хју сподели дека според исказите на нејзината пациентка, Деп во наплив на љубомора кога мислел дека една жена ѝ се додворува на неговата сопруга и дека таа консумира дроги без негово знаење, направил детален преглед на половиот орган на неговата сопруга.

„Амбер ми рече дека тој барал дрога и додаде дека Деп мислел дека е прифатливо да ѝ ја скине ноќницата и со прстите да бара кокаин во нејзината вагина“ – сведочи Хју и појаснува дека најчесто кога сопругот ја тепал, актерката се исклучувала и „го напуштала сопственото тело“ и во таков миг му го отсекла прстот во Австралија.

amber-herd-tvrdi-djoni-dep-deka-i-baral-droga-vo-vaginata-a-ako-ne-mozhel-da-ima-seks-dodeka-e-pijan-ja-obvinuval-nea-17.jpg

Докторката вели дека секогаш кога бил пијан, Деп ја фрлал Амбер на креветот и се обидувал да има секс со неа, а ако не бил во можност да го направи тоа, станувал агресивен и ја обвинувал неа за тоа.

Според неа, агресивното однесување на Амбер било последица на малтретирањето од љубоморниот и посесивен сопруг, кој не ѝ дозволувал да се облекува како што сака, се заканувал на сите нејзини колеги и постојано ја обвинувал за неверства.

amber-herd-tvrdi-djoni-dep-deka-i-baral-droga-vo-vaginata-a-ako-ne-mozhel-da-ima-seks-dodeka-e-pijan-ja-obvinuval-nea-14.jpg

Од страната на Амбер, исто така сведочеше и нејзината медицинска сестра Ерин Фалати која освен што посочи дека неколкупати била сведок на повредите што Амбер ги трпела во расправиите со сопругот, таа исто така образложи дека актерката редовно консумирала дроги, а страда од анксиозност, проблеми со исхраната, АДХД, биполарно пореметување и повремена несоница.

Таа раскажа сосема поинаква приказна за роденденот на Херд, а според неа, откако имала бурна расправија со Џони Деп, затоа што задоцнил, Амбер заминала на Коачела фестивалот со пријателите.

amber-herd-tvrdi-djoni-dep-deka-i-baral-droga-vo-vaginata-a-ako-ne-mozhel-da-ima-seks-dodeka-e-pijan-ja-obvinuval-nea-16.jpg

Еден месец подоцна, Амбер признала дека со денови консумирала дроги и алкохол со пријателите (познати мажи), за кои нејзиниот сопруг не бил свесен дека ја посетуваат навечер во нивниот дом, ниту пак бил свесен дека таа има проблем со дроги.

Прочитајте и Огромен веренички прстен, две луксузни свадби, скандали и развод – Факти за бурната врска на Џони Деп и Амбер Херд

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg