Огромен веренички прстен, две луксузни свадби, скандали и развод – Факти за бурната врска на Џони Деп и Амбер Херд
- Детали
- сабота, 30 април 2022
Тврдеше дека не верува во брак додека 14 години беше во врска со Ванеса Паради, а на Амбер Херд ѝ купи огромен прстен по година и пол врска, за што сега очигледно зажали... Како започна врската меѓу Џони Деп и Амбер Херд, која е проследена со шокантни скандали, бизарности и тужби?
Деновиве актуелно е судењето на Џони Деп (58) и Амбер Херд (36) „тешко“ 50 милиони долари, со кое актерот како што рече сака да си го врати угледот, а од кое испливаа низа бизарни детали за нивната врска.
Психолог тврди дека Амбер имала два типа на психолошки заболувања, Џони Деп ги откри нејзините ритуали, како секоја вечер таа му носела чаша вино и му ги соблекувала чизмите.
Беа објавени видео-снимки на кои се гледаат неверствата на Амбер со Илон Маск и Џејмс Франко, а публиката имаше можност да го следи долгото сведочење на светски познатиот актер кој изнесе голем број детали за сопствениот живот.
Од проблемите во односот на неговите родители, до злоупотребата од страна на неговата мајка, но и за зависноста од опојни супстанции и алкохол.
Со оглед на тоа што Џони и Амбер во последните неколку години се актуелни заради долгиот судски процес, се чини дека повеќето од нас воопшто и не се сеќаваат како започна и како течеше нивната врска.
Во продолжение низ фотографии да се потсетиме како започна нивната приказна:
Пред да се ожени со Амбер Херд, Џони бил во долги врски со Винона Рајдер и со Ванеса Паради. За потсетување, и двете актерки застанаа во негова одбрана по тврдењата за семејно насилство на Амбер Херд.
Џони Деп и Амбер Херд се запознаа на снимањето на филмот The Rum Diary во 2009-та година. Во тој период таа беше во врска со фотографката Тасја Ван Ри, а тој 12 години беше во врска со пејачката Ванеса Паради со која има две деца.
Во 2010-та година, една година пред да се раздели со неа, Џони даде интервју во кое откри зошто тој и Ванеса никогаш не стапиле во брак.
„Никогаш не ми требало тоа парче хартија. Бракот е од душа за душа, срце за срце. Не ви треба некој да ви каже: ‘Во ред, сега сте во брак’“.