Кортни Кардашијан откри дека таа го завела Тревис: „Тој немаше никогаш да ме бакне, јас го направив првиот чекор“
- Детали
- вторник, 12 април 2022
„Ме покани да гледаме филм. Додека траеше филмот не проба да ме бакне ниту еднаш. Филмот заврши и почнавме да гледаме и друг. Тогаш си помислив ’Немам време за филмски маратон‘ и го направив првиот чекор“.
Во новото ријалити шоу на Кардашијанс, Кортни открива дека 8 години Тревис ѝ бил најдобар пријател, како и дека таа почнала да флертува со него и таа го направила првиот чекор.
Тревис, пак, вели дека е пресреќен и смета дека се совршен пар со Кортни бидејќи се премногу слични.
Врската на Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер беше вистинско изненадување за јавноста. Но, додека јавноста, па и поголемиот дел од семејството на Кортни биле шокирани, Ким и Клои велат дека им било јасно дека кога-тогаш Кортни и Тревис ќе завршат заедно.
Кортни и Тревис биле блиски пријатели со години, пред Кортни да одлучи да го направи првиот чекор. 42-годишната ријалити ѕвезда откри како ја почнале романсата со Тревис во првата епизода од новото шоу на Кардашијанс.
„Дефинитивно отсекогаш ми се допаѓал Тревис, но му требаше многу време за да ме бакне“.
Кортни и Тревис биле и соседи, па минувале многу време заедно, а значително се зближиле откако почна пандемијата.
Кортни решила дека е време таа да го направи првиот чекор со Тревис бидејќи конечно се чувствувала добро и сметала дека драмата со бившиот Скот Дисик е зад неа.
„Тоа беше вистинскиот момент. Претходно си ја посветив целата година на себе, но најблиските пријатели постојано ми велеа дека треба да бидам со Тревис“.
Парот интензивно се дружел и додека Кортни уште беше со Скот, а Тревис со Мелиса Кенеди, а потоа со Шана Моаклер.
Ријалити ѕвездата открива дека честопати го викала на гости за неговите деца да си играат со нејзините. На некој начин, таа го користела овој изговор за да го гледа почесто.
Сепак, нивниот однос бил сам пријателски, а дури по почетокот на пандемијата Кортни почнала да флертува со него.
„Минатата година за време на пандемијата си пишувавме пораки кога почнав да флертувам. Кога конечно сфати што правам, ме покани да гледаме филм. Додека траеше филмот не проба да ме бакне ниту еднаш“, вели Кортни.
На Кортни не ѝ се чекало повеќе, па одлучила таа да го направи првиот чекор и да го бакне.
„Му требаше многу време. Филмот заврши и почнавме да гледаме и друг. Тогаш си помислив ’Немам време за филмски маратон‘ и го направив првиот чекор“.
Претходно во епизодата Кортни вели и дека Тревис бил нејзиниот најдобар пријател речиси осум години.
„Работевме заедно, правевме разни работи како пријатели и еден со друг можевме да бидеме свои. Потоа се вљубивме и сега ми е момче“.
За врската на Кортни и Тревис зборуваат и останатите членови од семејството.
„Ова е врска што мислам дека никој не ја очекуваше, најмногу бидејќи Кортни и Тревис се познаваат многу долго време“, вели Крис Џенер.
Сличен став имаат и другите членови на семејството, но Ким и Клои велат дека биле сигурни дека романсата на Кортни и Тревис е неизбежна. Наводно, тие дури и ја молеле Кортни да го направи првиот чекор.
Неколку денови претходно, во интервју за Billboard, и Тревис прозборе за врската со Кортни. Тапанарот се фокусираше на тоа зошто тој и Кортни се совршениот пар.
„Ние сме многу слични, никогаш не се откажуваме. А, мене навистина ми треба таква личност во животот“.
Тапанарот повторно зборуваше и за помошта што ја добил од Кортни за да го надмине надмине неговиот стрв од летање.
Околу 13 години Тревис се немал качено во авион откако преживеал авионска несреќа во 2008 година. Овој страв, пак, претставувал огромна пречка во неговата кариера.
„Не сакав да патувам, не сакав да летам со авион, ниту да ја напуштам куќата тој период. Се прашував како ќе можам да одам на турнеи со овој страв“.
Тревис нагласи и колку е среќен со Кортни:
„Еднаш бев обичен маж кој свиреше во панк-рок бенд. Сега во 2022 година уживам на плажа со мојата вереница. Не можам да ви опишам колку е прекрасно тоа“.
Кортни и Тревис се венчаа по доделувањето на Греми наградите во Лас Вегас. Иако нивниот брак не е легален, Кортни изјави дека сепак го посакувале и тоа.
„Немаше како да допреме до дозвола за брак во тоа време“, изјави Кортни во неодамнешно интервју со Џими Кимел.
Кортни вели дека биле убедени дека сè во Лас Вегас работи 24 часа, па сметале дека ќе можат да се венчаат и легално.
„Им реков ’Дали сте сериозни?‘ Ги прашавме петпати што треба да направиме за да добиеме дозвола. Но, само ни рекоа дека сега е 2 часот наутро, а тие почнуваат со работа од 8“.
Сепак, ова не ги спречило да ја направат церемонијата, а подоцна во 2022-ра планираат уште една, овојпат легална венчавка.
Прочитајте и Први фотки од венчавката на Кортни и Тревис во Лас Вегас: „По луда ноќ и малку текила, се венчавме“
Спирова С. | Црнобело