Имаше трагична авионска несреќа, а 13 години подоцна Тревис се качува за првпат во авион – Кортни го држи цврсто за рака
- Детали
- понеделник, 16 август 2021
Пред 13 години, Тревис Баркер преживеа авионска несреќа поради која помина 3 месеци во болница и му беа направени над 20 операции. Сега, првпат по несреќата тапанарот собра храброст да се качи во авион, а неговата сакана Кортни Кардашијан му беше огромна поддршка.
Со поддршка од својата сакана Кортни Кардашијан, Тревис Баркер го надмина стравот и 13 години по ужасната авионска несреќа се качи во авион.
45-годишниот Тревис и 42-годишната Кортни беа забележани како излегуваат од приватен авион, со тоа почнувајќи го нивниот одмор во Мексико. За Тревис ова е прво летање со авион во изминативе 13 години, откако тапанарот преживеа страшна авионска несреќа во 2008-ма.
На вљубениот пар му се придружија Крис Џенер и нејзиното момче Кори Гембл.
Најпрво Кортни и Тревис беа забележани на аеродром во Калифорнија, пред да се качат во авионот. Наводно, Крис и нејзиното момче чекале скоро цел час во авионот додека Тревис да се почувствува подготвен да влезе внатре. Во тие мигови, Кортни го прегрна, а влегоа во авионот држејќи се за рака.
Ова дефинитивно не е мал чекор за Тревис, особено кога ќе се земе предвид дека во авионската несреќа преживеа само тој, заедно со уште една личност. Несреќата се случи на 19 септември 2008 година.
Тревис леташе со приватен авион од Јужна Каролина до Лос Анџелес по настап, а со него беа негов пријател, неговиот асистент и неговиот телохранител.
Несреќата се случила за време на полетувањето, кога настанале проблеми со едно од тркалата на авионот. Поради ова, пилотот изгубил контрола и авионот излегол од пистата, за на крај да удри покрај патот.
Од судирот веднаш настанал пожар, а Тревис и неговиот пријател Адам Голдстајн се единствените кои успеале да избегаат од излезот за итни случаи. Сепак, бидејќи и двајцата биле прекриени со гориво, се здобиле со тешки изгореници.
Тревис Баркер имал изгореници на 65% од неговото тело и помина три месеци во болница. Во овој период му беа направени 26 операции.
Претходно, во интервју за Men’s Health, тапанарот изјави дека кога-тогаш ќе се охрабри и повторно ќе се качи во авион, а изгледа Кортни имала голема улога во надминувањето на неговиот страв.
Тој сподели дека сонува за моментот кога ќе се врати од турнеја со авион и ќе се чувствува нормално.
„Морам повторно да се качам во авион. Сакам да направам избор и да го надминам стравот. Ако повторно летам со авион и ангелите ми помагаат и ме чуваат, сакам да си дојдам дома и да им речам на сите ’Само што се вратив со авион. И сè беше одлично‘. Тоа би бил совршениот ден“.
Прочитајте и Со Кортни Кардашијан направи „порно“ фотка, имал 27 операции: Факти за Тревис Баркер, новиот дечко на Кортни
Спирова С. | Црнобело