Дозвола за неверство, живеење во различни домови – 8 славни парови со нетрадиционални бракови

Вил Смит и Џејда имаат отворен брак, а актерот вели дека иако не го препорачува ова за секого, токму тоа им ја спасило врската.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-01.jpg

Кога станува збор за брак, постојат некои правила што повеќето парови сакаат да ги почитуваат. Од очигледни причини, партнерите не толерираат неверство. Истовремено, сакаат да живеат заедно, а некогаш го прават овој чекор и пред да стапат во брак.

Постојат и луѓе кои имаат поинакви гледишта за бракот, што значи не сите ги почитуваат овие правила.

Во продолжение осум познати парови со нетрадиционални бракови:

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

По многуте гласини за неверство, Вил и Џејда отворено прозбореа за нивниот отворен брак.

Актерот сподели дека извесен период биле разделени и тврди дека овој нетрадиционален пристап всушност им помогнал да го спасат бракот.

„Џејда никогаш не верувала во конвенционален брак. Двајцата си веруваме и си даваме слобода, со верувањето дека секој од нас треба да си го најде својот пат. Бракот не може да биде затвор за нас.

Јас не го препорачувам овој пристап за сите. Но, искуството и слободата што си ги даваме, заедно со безусловната поддршка, за мене се највисоката форма на љубов“, изјави актерот.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-02.jpg

Доли Партон и Карл Дин

Популарната кантри пејачка има откриено дека таа и сопругот Карл имаат едноставно правило во бракот – не прашувај и не кажувај.

„Ако се изневериме, не знаеме, па во ред сме дури и да се изневериме. Не сакам да знам ако тој ме изневерува. Ако јас изневерувам, тој не сака да знае. И, ако тоа е потребно за нашиот брак да функционира, тогаш во ред“.

Сепак, иако контрадикторно, пејачката истакна дека ова не значи дека се изневеруваат, туку дека многу си веруваат.

„Ова само значи дека си дозволуваме да бидеме личностите коишто сме. Но, јас би го убила ако знам дека бил со друга. Ние ги сакаме луѓето, тој знае дека јас сакам да флертувам, но тоа е сè. Досега не сум сретнала маж што може да го замени“.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-03.jpg

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук

Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг не живееле заедно цела година по нивната венчавка. Актерката откри дека поминувале четири ноќи во нејзиниот, а три ноќи во домот на Бред.

„Мислам дека го направивме тоа најмногу бидејќи и двајцата имаме деца тинејџери и сакавме да им дадеме простор и да не ги тераме да се преселуваат“, изјави Гвинет.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-05.jpg

Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Наводно, познатите актери минуваат повеќе време одвоено отколку заедно поради нивните кариери. Додека овој начин на живеење веројатно би разнишал многу бракови, Сара тврди дека во нивниот случај само ја зајакнува љубовта.

„Знам дека звучи лудо, но ние водиме животи што ни овозможуваат да бидеме разделени, а потоа да бидеме заедно. Неговата работа го носи на едно место, мојата работа ме носи на друго… На некој начин, мислам дека ова ни е од голема корист“.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-06.jpg

Кралицата Елизабета и принцот Филип

Наводно, во британското кралско семејство е сосема нормално брачните парови да спијат во одвоени соби.

Па, скоро целиот живот, пред принцот да почине, Елизабета и Филип спиеле во различни спални соби.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-07.jpg

Кевин Џонас и Даниел Џонас

Младиот пејач и неговата сопруга Даниел спиеле во одвоени соби во првите неколку месеци од нивниот брак.

Според Даниел, пејачот 'рчел како „товарен воз“, па било невозможно да спие покрај него.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-08.jpg

Хелена Бонам Картер и Тим Бартон

Актерката и режисерот беа заедно 13 години пред да се разделат и заедно имаат две деца. Но, во сите 13 години, тие никогаш не живееле заедно. Наместо тоа, режисерот купил куќа до куќата на Хелена и биле први соседи.

Наводно, причината за оваа одлука биле нивните различни потреби и желби за домот.

„Мојата куќа изгледа како од книга на Беатрикс Потер, а кога ќе отидете кај него ќе ве пречека нешто сосема поразлично – скелети, чудни светла…“, има изјавено Хелена.

Интересно е што и по разводот, тие уште живеат еден до друг.

dozvola-za-neverstvo-zhiveenje-vo-razni-domovi-8-slavni-parovi-so-netradicionalni-brakovi-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg