„Кралицата на пластиката“ со бизарен изглед на плажа - струк од 43cm, танга бикини и тон шминка (фото)
- Детали
- вторник, 29 март 2022
Задникот ѝ изгледа изобличено, преслаба е, докторите ја предупредуваат за здравјето, но таа не сопира со пластичните операции. Папарацо фотки од „најпластичната“ жена на светот на плажа во Австралија...
Тара Џејн (33) од Австралија, е една од најпластичните жени на светот, која себеси се нарекува барбика.
Неодамна таа беше фотографирана на плажа во Мелбурн со тон шминка на себе, тенок струк, кој ѝ е околу 43cm, и чуден облик на задникот, во кој најверојатно има импланти.
Нејзиниот изглед целокупно е бизарен.
Тара некогаш била сосема привлечна девојка, но денес изгледа изобличено поради огромниот број операции, филери и ботокс.
Тешка е само 45 килограми и докторите постојано ја предупредуваат да сопре со операциите.
Прочитајте повеќе за неа - Како изгледа жената која потрошила над 180.000 евра на естетски корекции? (фото)
Фотографии од Тара на плажа:
С. С. | Црнобело