Пораз од Дима Билан на Евровизија - Која е Ани Лорак, најголемата украинска ѕвезда?

Во 2008 година ја претставуваше Украина на Евровизија со песната  „Shady Lady“ и заврши на второ место, по претставникот на Русија, Дима Билан.

koja-e-ani-lorak-najgolemata-ukrainska-pop-dzvezda-01.jpg

Ани Лорак е најпопуларната украинска поп пејачка. Родена е 1978 година и постојано се појавува на врвот на листите на најмоќни и највлијателни жени во државата.  Нејзиното вистинско име е Каролина Мирославивна Куек.

Таа е една од најплатените пејачки во оваа држава. На Инстаграм има повеќе од 7 милиони следбеници.

Во 2008 година ја претставуваше својата држава на Евровизија со песната  „Shady Lady“ и заврши на второ место, по претставникот на Русија, Дима Билан.

Настапот на Дима Билан, со кој победи на Евровизија 2008 година:

Нејзините родители се развеле пред таа да се роди, но мајка ѝ одлучила дека ќе ја роди и ќе ја изгледа сама.

Живееле во голема сиромаштија, а од 6-годишна возраст таа и нејзините браќа извесен период биле сместени во згрижувачки дом, затоа што мајка им не можела да се грижи за нив.

На 13-годишна Ани учествувала на некој музички натпревар и победила. Оттогаш реди успеси со многу хитови, албуми, турнеи и во Украина со право го носи епитетот „дива“.

Во 2009 година украинската ѕвезда стапи во брак, во 2011 година доби ќерка, но со сопругот се разведе во јануари 2019 година.

Фотографии од Ани Лорак:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg