Криси Тајген, откако трагично го загуби синот во спонтан абортус: „Почнав со нов циклус ин-витро оплодување“
- Детали
- понеделник, 21 февруари 2022
Една година откако трагично го загуби бебето по спонтан абортус манекенката Криси Тајген објави на социјалните мрежи дека ќе се обиде да стане мајка по третпат со помош на аистирано оплодување. Таа ги замоли следбениците да не ја прашуваат дали е бремена.
Криси Тајген (36) и нејзиниот сопруг Џон Леџенд (43) веќе имаат две деца, но сакаат да го прошират семејството, па одлучиле да започнат со нов циклус на ин-витро оплодување.
Сепак, Криси има своја порака до нејзините следбеници на Инстаграм.
„Здраво, објавив веќе на Стори, но сакав да знаете дека сум длабоко навлезена во нов циклус на ин-витро оплодување со цел да сочувам колку е можно повеќе јајце-клетки, и се надевам дека ќе создадеме неколку силни, здрави ембриони.
Искрено, не ми пречат инјекциите… Тие прават да се чувствувам како лекар/аптекар…
Но, ми пречи подуеноста, па затоа ве молам да престанете да ме прашувате дали сум бремена, бидејќи иако знам дека тоа го говорите затоа што сте возбудени и имате најдобри намери, сепак не ми е убаво затоа што во моментов сум спротивно од бремена“ – напиша таа во објавата на Инстаграм.
Инаку, претходно, двете деца, Криси и Џон ги добија со помош на ин-витро метода за оплодување, а во октомври 2020-та година Криси имаше спонтан абортус во кој го загуби синот Џек.
Таа тогаш објави серија потресни фотографии од болницата до кои со тага и неверување соопшти дека го загубиле детето.
Криси и Џон подоцна го одбележаа денот кога нивниот нероден син требаше да се роди. На рацете носат алки со имињата на нивните две деца Луна Симон (5) и Мајлс Теодор (3), но и со името на синот Џек.
Како што вели Криси, ако овојпат процедурата биде успешна, таа веднаш тоа ќе го објави на социјалните мрежи.
Б. С. Б. | Црнобело