Криси Тајген напиша емотивно писмо до синчето кое пред 1 година го изгуби по спонтан абортус
- Детали
- среда, 29 септември 2021
„Ти ми ја нанесе најголемата болка, за да ми покажеш дека можам да преживеам сè, дури и ако не сакам“ – напиша Криси Тајген во писмото до синот Џек, кој го загуби откако претрпе компликации во бременоста.
Криси Тајген (30) минатата година го загуби бебето што го очекуваше заедно со сопругот Џон Леџенд (42), откако претходно претрпе компликации во бременоста и крварење.
По трагичниот настан, тогаш Криси објави низа фотографии од емотивниот момент и говореше за болката што таа и сопругот ја претрпеа по загубата на синот и откри дека никогаш повеќе нема да биде бремена.
Сега, една година подоцна, Тајген повторно на Инстаграм објави фотографија од моментот кога таа и Џон го загубија синот Џек.,
Во емотивното писмо до нејзиниот загубен син, таа напиша:
„До синот што требаше да го имаме, за малку...
Пред една година ти ми ја нанесе најголемата болка што не сум ја ни замислувала, за да ми покажеш дека можам да преживеам сè, дури и ако не сакам.
Немав можност да се грижам за тебе, но ти дојде и си замина за да ме научиш дека треба да се грижам за себеси, бидејќи нашите тела се бесценети и животот е чудо.
Ми рекоа дека со времето ќе ми биде полесно, но не станува полесно... Мама и тато ќе те сакаат засекогаш“ – напиша таа.
Прочитајте повеќе: „На овој најмрачен ден ќе тагуваме и плачеме“ – Криси Тајген со срцепарателни фотки соопшти дека го изгуби бебето
Инаку, Криси и Џон имаат уште две деца, ќерката Луна Симон (5) и синот Мајлс Теодор (3).
Таа ја документираше болката што таа и Џон ја претрпеа како родители по загубата на нивното трето дете и црно-белите фотографии ги објави на социјалните мрежи.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело