„Џек требаше да се роди деновиве, веќе требаше да го држам во раце“ – Криси Тајген со емотивна објава за спонтаниот абортус

Во спотот на Wild, песната на Џон Леџенд, Криси Тајген откри дека е бремена со синот Џек, а сега, во периодот кога тој ќе требаше да се роди, таа сподели фотки од снимањето со емотивен опис за спонтаниот абортус и изгубениот син, откривајќи дека не може да го гледа спотот без да се расплаче.

trebashe-da-se-rodi-denovive-mislev-deka-najloshoto-pomina-krisi-tajgen-so-emotivna-objava-za-izgubeniot-sin-dzhek-01.jpg

Криси Тајген објави неколку фотки на Инстаграм од снимањето на спотот за Wild, песната на нејзиниот сопруг Џон Леџенд. Во описот 35-годишниот модел открива дека тој период била бремена со синот Џек. Истовремено, таа и Џон сакале да ги споделат новостите за бременоста преку видеото.

За жал, неколку месеци после снимањето, Криси доживеа спонтан абортус и го изгуби детето.

trebashe-da-se-rodi-denovive-mislev-deka-najloshoto-pomina-krisi-tajgen-so-emotivna-objava-za-izgubeniot-sin-dzhek-02.jpg

Сега, моделот уште еднаш се отвори во врска со целата ситуација, изјавувајќи дека никогаш нема да го гледа спотот без да плаче:

„Овие фотографии се од снимањето на спотот за Wild во Мексико. Бев во 10-та недела од бременоста и премногу среќна. Знаев дека ќе треба време за да се склопи видеото, па мислевме дека ќе беше слатко да ги споделиме новостите за бременоста преку него. Не можев ни да замислам што ќе се случи следните 10 недели…

Мислам дека нема да можам да го изгледам тоа видео уште еднаш без да се расплачам, но се надевам дека Џек ги чувствува моите солзи и знае дека премногу ни недостасува. Требаше да се роди деновиве – ако беше како Луна или Мајлс, веројатно веќе ќе го држев во рака додека го пишував ова“.

View this post on Instagram

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

„Многу жалам што не му го видов лицето кога се роди. Бев толку исплашена дека ќе го гледам во кошмарите, што заборавив да го гледам во соништата. Секој ден страдам од тоа. Овој месец е суров потсетник и, искрено, мислев дека најлошо помина, но изгледа животот и емоциите не следат никаков распоред.

Ве сакам сите и благодарна сум за вашите поддршка и љубов. Цврсто верувам дека енергијата и љубовта патуваат низ ноќното небо и јас ги чувствувам. Ви ветувам дека ги чувствувам. И, те сакам Џек. Премногу ми недостасуваш“, пишува во описот на објавата.

Криси и Џон се во брак од 2013-та година, а заедно имаат две деца - ќерката Луна и синот Мајлс.

trebashe-da-se-rodi-denovive-mislev-deka-najloshoto-pomina-krisi-tajgen-so-emotivna-objava-za-izgubeniot-sin-dzhek-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Продавање дрога, убиство: Познати личности кои имаат проблематични деца Синот на Џеки Чен беше обвинет за продажба на дрога, додека синот на Том Хенкс п...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg