„Пријателите“ непрепознатливи: Мет (54) запуштен по раскинувањето, Кортни (57) призна дека претерала со операции
- Детали
- понеделник, 21 февруари 2022
Неодамна, Мет Лебланк (54) ја прекина 6-годишната врска со неговата девојка Аурора (34) – изворите тврдат дека тешко се справува со разделбата, а тоа е очигледно и од новите папарацо фотки. Во меѓувреме, колешката Кортни Кокс „призна“ дека претерала со козметичките процедури и предоцна сфатила дека изгледа чудно поради нив.
Кортни Кокс, попозната како Моника од „Пријатели“, низ годините драстично си го промени изгледот со секакви третмани за подмладување, а сега и самата вели дека дефинитивно претерала.
57-годишната актерка вели дека предоцна сфатила колку чудно изгледа поради бројните инјекции и другите третмани за подмладување и смета дека навистина претерала во обидите да го задржи младешкиот изглед.
„Има период во вашиот живот кога ќе си помислите ’Ох не, се менувам. Изгледам постаро‘. А јас пробав да го задржам младешкиот изглед со години“, открива актерката за магазинот Sunday Times Style.
„Не ни сфатив дека изгледам навистина чудно поради инјекциите и третманите на лицето кои сега сигурно не би ги направила“.
Кортни вели дека благодарение на коментарите од нејзините пријатели сфатила дека отишла предалеку со корекциите.
„Сфатив дека претерав кога моите пријатели почнаа да зборуваат за тоа. Сите луѓе зборуваа за мене и дојде време кога си реков ’Морам да престанам. Ова е лудо‘“.
Иако Кортни тврди дека целосно се откажала од козметичките процедури, вели дека обожава продукти за убавина.
Истовремено, актерката истакнува дека не се чувствува воопшто старо и покрај тоа што ѝ наближува 60-тиот роденден.
„Се чувствувам навистина младо. Имам многу пријатели кои се во нивните 30-ти и не ни мислам на возраста. За мене, сите ние сме иста возраст“.
Кога станува збор за ѕвездите од „Пријатели“, и Мет Лебланк, односно Џои, драстично си го промени изгледот низ годините.
Неодамна, 54-годишниот актер ја прекина долгата врска со 34-годишната Аурора Мулиган, а фановите се загрижени за влијанието на разделбата врз него.
Мет и Аурора беа заедно шест години и никој, дури ни нивните блиски пријатели, не ја очекувале разделбата.
Парот се раздели на почетокот од февруари годинава, а Мет првпат беше забележан во јавност деновиве.
На папарацо фотките актерот носи лежерна облека и делува загрижено.
Според извор на The Sun, тој тешко се справил со разделбата бидејќи со Аурора биле одличен пар.
„Дојде крајот на врската на Мет и Аурора. Тажно е и Мет тешко се справува со ова. Постои голема возрасна разлика помеѓу него и Аурора, но беа одличен пар.
Им беше тешко бидејќи тој генерално е во Лос Анџелес и патуваше многу, додека Аурора работеше во Англија“.
Спирова С. | Црнобело