Познати жени кои си ја имаат избричено главата (и причината за тоа)
- Детали
- недела, 03 април 2022
Џеси Џеј си ја избричи главата во 2013 година како поддршка за девојка која страда од болест поради која не може да јаде и се храни само преку инфузија.
За многу девојки и жени, косата е нивниот најважен адут. Поради ова, повеќето не ни помислуваат да си ја избричат главата, а оние кои се осмелиле да го направат тоа, долго време собирале храброст.
Некогаш, пак, жените и девојките немаат избор – алопецијата и ракот се дел од причините зошто некои од нив мораат да си ја избричат главата.
Но, познатите дами кои се одлучиле на овој чекор, без разлика од која причина, се доказ дека секоја жена може да биде прекрасна и со многу, многу кратка коса.
Познати жени кои си ја избричија главата и зошто го направија тоа:
Џејда Пинкет Смит
Џејда Пинкет Смит, сопругата на познатиот актер Вил Смит, има алопеција. На почетокот, на актерката ѝ било тешко да се помири со ситуацијата, па извесен период се појавуваше во јавност само со марами.
Со текот на времето, Џејда сфатила дека не треба алопецијата да ѝ го контролира животот, па си ја избричи главата. И, изгледа одлично.
„Алопецијата и јас ќе бидеме пријатели! Сега единствено ми останува да се смеам – извесен период ми беше тешко да ја прифатам алопецијата, сè додека не ги слушнав овие зборови.
Алопецијата се појави од никаде и сфатив дека ќе биде многу потешко да ја кријам. Па, решив да зборувам за неа, за никој да не ми поставува прашања“, изјави актерката.
Кристен Стјуарт
Познатата актерка отсекогаш сакала многу кратка коса, а кога требало да си ја избричи главата за улога во филм, без двоумење го направила тоа.
„Во филмот Underwater глумам машински инженер кој работи на нафтена платформа. Па, кратката коса е многу попрактична за овој лик. Отсекогаш сум сакала многу кратка коса и многу сум задоволна“, откри актерката.
Џеси Џеј
Џеси Џеј си ја избричи главата во 2013 година, и тоа во живо на телевизија.
Целта на пејачката беше да ја подигне свеста за болест (complex neuromyopathic intestinal dysmotility) и да собере пари за лица кои страдаат од истата.
Оваа болест предизвикува проблеми со дигестивниот систем, па заболените лица можат да се хранат само преку инфузија, а овој начин на хранење го зголемува ризикот од бројни други здравствени проблеми.
Џеси била инспирирана од млада девојка која страдала од болест и која, за жал, почина лани. На денот на нејзината смрт, Џеси сподели емотивна порака:
„Луѓето често ме прашуваат зошто си ја избричив главата во 2013 година. Оваа неверојатна млада девојка ме предизвика.
Откако ја запознав и ја слушнав нејзината приказна, тоа беше најмалиот гест со кој можев да покажам дека ја поддржувам неа и сите деца кои водат битка со оваа ужасна болест. Сакав да помогнам во собирањето пари кои можеби ќе помогнат во наоѓањето одговори“.
Кара Делевињ
Кара Делавињ си ја избричи главата во 2019 година поради улогата во филмот Life in a Year. Во филмот таа глуми девојка болна од рак и сметала дека мора да си ја избричи главата за да се почувствува како неа.
Интересно е што нејзиниот менаџер бил против оваа одлука.
„Уште пред да ја добијам улогата, му кажав на режисерот дека планирам да си ја избричам главата. Менаџерите, пак, ми велеа дека тоа е лоша одлука.
Сметам дека за вакви улоги, особено кога станува збор за рак, важно е актерите да знаат како изгледа да немаат коса“.
Натали Портман
Слично како Кара Делавињ, и оскаровката Натали Портман си ја избричи главата за филм. Во V for Vendetta нејзиниот лик си ја бричи главата, а Натали го направи тоа пред камерите.
„Бев на снимање во мигот кога се случи. Искуството беше трауматично. Ликот што го глумам немаше избор, туку беше обврзана да го направи тоа.
Кога снимаме филм секогаш можеме одново да снимиме некоја сцена, но овојпат ситуацијата беше поразлична. Само сакав да бидам фокусирана и да го дадам најдоброто од мене со единствената шанса што ја имав“.
Лупита Нјонго
На Лупита Нјонго отсекогаш ѝ било тешко да се справи со нејзината многу бујна коса. Па, кога ѝ се смачило од правењето фризури, решила да си ја избричи главата.
„Во тинејџерските години користев многу хемикалии за коса. Беше предизвик да ја ’смирам‘ косата. Се сеќавам дека ги правев најлудите работи – спиев без да ја допрам главата на перницата за следниот ден косата да не ми биде луда.
Еден ден, татко ми на шега ми рече зошто не се потстрижам и неколку месеци подоцна влегов во салон и си ја избричив главата. Целото искуство беше страшно, но и ослободувачко“.
Амбер Роуз
Амбер Роуз многу се двоумела за оваа одлука, но набрзо кратката руса коса стана нејзин препознатлив знак.
„Пријателите ме молеа да не ја бричам главата бидејќи немало да ми стои добро. Но, јас одлучив да не слушам никого и само се упатив во фризерски салон“.
Спирова С. | Црнобело