„Јас менувам сијалици“ – Џорџина Родригез открива детали од семејниот живот со Роналдо
- Детали
- четврток, 10 февруари 2022
„Роналдо треба само да се грижи за себеси, а јас сум тука за останатото“ – рече Џорџина Родригез во интервјуто во кое откри повеќе детали за семејниот живот со Роналдо.
Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез деновиве е актуелна со нејзиниот документарен филм на Netflix, Soy Gerogina, а таа и во минатото говореше и откриваше детали за нивниот семеен живот.
Не се венчани законски, но Џорџина Родригез во повеќе наврати за Кристијано Роналдо вели дека е нејзин marido, шпански збор за сопруг.
Манекенката која во моментов е бремена со близнаци ја користи секоја прилика да нагласи колку добар партнер и татко е Роналдо, а во минатото откри неколку интересни детали за нивниот заеднички живот.
Така во едно интервју во септември 2021-ва година таа откри дека му забранила на нејзиниот партнер да прави какви обврски во домот. Како што кажа таа се грижи за домот и за семејството и сака нејзиниот партнер да биде постојано во топ-форма.
„Тој е најдобриот татко и партнер за каков што можев само да сонувам. Но, не готви. Откако ќе заврши со утринскиот тренинг заслужува да добие топол оброк на масата подготвен со многу љубов. Имаме готвач, а понекогаш и јас готвам.
Исто така, во нашиот дом менувањето сијалици е невозможно, затоа што имаме мошне високи тавани.
Да бевте вие Кристијано Роналдо дали ќе менувавте сијалица на 6m височина? Подобро не. Нека се грижи за себе и нека се посвети на тоа што знае да го прави најдобро. Јас ќе се погрижам за останатото. Ќе најдам начин. Сакам да се грижам за мојот дом и за семејството“ – рече таа.
Инаку, пред неколку дена фудбалерот го прослави својот 37-ми роденден, а Џорџина го изненади со домашна торта во облик на неговите иницијали и бројот на дресот CR7, а му подари автомобил вреден 177.000 евра со кој Роналдо беше забележан следниот ден кога одеше на тренинг.
Џорџина исто така се грижи за четирите деца на Роналдо, а редовно на Инстаграм споделува фотографии од нивниот семеен живот.
Погледнете дел од фотографиите:
Б. С. Б. | Црнобело