Природна убавица: Џенифер Анистон на Хаваи со затегнати стомачни, пред 53-тиот роденден (фото)
- Детали
- вторник, 08 февруари 2022
Наскоро Џенифер Анистон ќе го прослави 53-тиот роденден, но очигледно за неа годините се само број. На најновите папарацо фотки актерката е во топ-форма со затегнати стомачни и мускулести раце.
Моментално Џенифер Анистон е на Хаваи каде што го снима второто продолжение од хитот на Нетфликс - Murder Mystery, а папараците ја „уловија“ додека уживаше на балконот од нејзината хотелска соба.
Познатата актерка, која наскоро ќе го прослави 53-тиот роденден носеше бикини, шешир и големи очила.
Иако фотките се направени оддалеку, дефинитивно можете да ги забележите стомачните на актерката која е во топ-форма и во шестата деценија од животот.
На својот Инстаграм профил, актерката сподели и фотографија со колегата Адам Сендлер, покажувајќи ја новата фризура со шишки.
Џенифер објави и видео од снимањето на Murder Mystery, а повеќе од очигледно е дека целата филмска екипа навистина се забавува додека работи на проектот.
Неколку денови претходно, Џенифер беше забележана на сетот на новиот филм со Адам Сендлер.
На фотографиите најмногу внимание привлекуваат мускулестите раце на Џенифер која дефинитивно поминува многу време во теретана.
Актерката отсекогаш негувала поприроден изглед и воопшто не се срами да покаже дека и таа не е совршена. Неодамна таа покажа како навистина изгледа нејзината коса веднаш по туширање.
На Инстаграм објавата, Џенифер се шегува дека „бушавата“ коса е резултат на влажноста на воздухот.
Пред неколку месеци, Џенифер сподели и како ја одржува нејзината фигура. Актерката сподели дека следи строг план за вежбање, кој вклучува трчање и возење статичен велосипед.
Истовремено, таа се контролира кога станува збор за нездрава храна и тврди дека може да се задоволи со само едно парче чипс или едно бонбонче.
Актерката е внимателна и кога пие алкохол и вели дека најчесто пие маргарита или мартини, и тоа не повеќе од 2-3 пијачки.
Џенифер сподели и дека одвреме-навреме пости и дека се фокусира на органска храна.
Спирова С. | Црнобело