Канје Вест разменува страсни бакнежи со новата девојка во Париз+Австралија му забрани влез во земјата без вакцина
- Детали
- недела, 30 јануари 2022
Нови легални проблеми за Канје Вест, кој минатата недела ја покажа својата нова девојка Џулија Фокс и со која размени страстен бакнеж пред фотографите.
Канје Вест (44) на модната недела во Париз се појави со својата нова девојка, актерката Џулија Фокс. Но, освен фотографиите на кои и двајцата прошетаа во необичен стајлинг, во медиумите се појавија фотографии со нивниот страстен бакнеж и белите леќи на раперот што изгледаат застрашувачки.
Фотографот Даниеле Левит на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои се гледа страсниот бакнеж меѓу Канје Вест и неговата нова девојка Џулија Фокс.
https://www.instagram.com/p/CZSBGOsOSWK/?utm_source=ig_web_copy_link
Парот бил присутен на забавата каде присуствувале голем број светки познати дизајнери, а ова не е првпат Канје јавно да разменува бакнежи со своите сакани.
Тоа го направи и со Ким Кардашијан, но и со Амбер Роуз.
„Историјата се повторува“ – велат дел од неговите обожаватели што имаа прилика да ја видат фотографијата со Џулија Фокс.
Освен фотографијата со бакнежот, впечатлива е уште една фотографија, на која се гледа дека поранешниот сопруг на Ким Кардашијан носи бели леќи на очите поради кои изгледа помалку застрашувачки.
Иако изгледа дека на личен план по разводот со Ким Кардашијан, проблемите се решаваат и Канје ја најде својата нова љубов, тоа не е така и на професионален план.
Раперот, се соочува со нови легални проблеми во поглед на кариерата.
Имено, тој сакаше да продолжи со својата турнеја „Донда“ во Австралија, но, властите во земјата му најавија дека раперот, слично како и светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран доколку не ја прими во целост вакцината против ковид.
Според законите во Австралија, за влез во земјата мора да бидете целосно вакцинирани, а властите уште еднаш се подготвени да покажат дека од овие закони нема да има отстапки без разлика на тоа кој сте.
Канје ја прими првата доза од вакцината, а потоа се премисли и рече дека вакцината е „белег на ѓаволот“.
Освен тоа, раперот беше меѓу најгласните антиваксери и се приклучи кон теоријата на заговори дека со имунизацијата против ковид на луѓето масовно им се вградуваат микрочипови.
Дали Канје повторно ќе го промени мислењето за вакцината останува да видиме.
Прочитајте и На 18 години работела во секс-клуб, направила слики со сопствената крв – Што знаеме за новата девојка на Канје Вест?
Б. С. Б. | Црнобело