Елена Стефановска со 5 дијаманти, Меган Фокс прстен со бизарен детаљ: Најуникатните свршенички прстени
- Детали
- четврток, 20 јануари 2022
Елена Стефановска доби прстен со пет дијаманти во форма на круна, прстенот на Меган Фокс крие еден бизарен детаљ заради кој не може да го извади од прстот - кои се некои од најуникатните свршенички прстени?
Додека некои мажи се одлучуваат да ги запросат партнерките со класичен веренички прстен со еден камен, други сакаат да бидат уникатни и бираат необични прстени кои ќе заблескаат на раката на нивната избраничка.
Македонската ТВ водителка и инфлуенсерка Елена Стефановска на новогодишната ноќ објави дека ја прифатила понудата за брак од нејзиниот партнер Бојан Најдоски.
„Кажав Да!!! 01.01.2022 Среќна Нова година“ – напиша таа до фотографиите на кои се гледа свршувачкиот прстен.
Таа во неколку наврати го покажа уникатниот свршенички прстен во форма на круна со пет дијаманти.
Меган Фокс (35) е една од познатите личности, заедно со Аријана Гранде и Емили Ратајковски која доби свршувачки прстен со два различни скапоцени камења.
Нејзиниот свршеник Машин Ган Кели (31) во интервју за Vogue откри повеќе детали за прстенот со кој ја запроси својата сакана, а појасни дека поради еден бизарен детаљ таа нема да може да го извади безболно.
Како што појасни Машин Ган Кели, прстенот треба да ја симболизира нивната идеологија за „оган близнак“ според која тие двајцата функционираат и заради која практично се неразделни во последните две години.
„Едниот скапоцен камен е необработен колумбиски смарагд што беше само исечен во форма на солза, земен директно од рудник, а другиот е дијамант.
Концептот е прстенот да може а се раздели и да прави два прстена што се држат заедно со магнет и формираат срце“ – појасни Машин Ган Кели.
Тој откри и еден бизарен детаљ за прстенот што го прави уште поуникатен.
„Прстените всушност се со боцки, па ако се обиде да го извади, ќе ја боли. Љубовта боли“ – рече раперот.
Тој прокоментира и за тоа зошто одлучиле самите да ја објават снимката од запросувањето. Како што рече тоа бил нивен обид сами да го контролираат наративот.
„Во спротивно некој можеше само да направи чудна фотографија со прстенот. Јас само го снимав запросувањето на мојот мобилен телефон.
Не викнавме фотографи, само го потпрев мојот мобилен телефон на чаша“ – рече тој.
https://www.instagram.com/tv/CYpdvOgJ4eP/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, освен Меган Фокс, и други познати личности веќе добиле свршенички прстени со два скапоцени камења, наместо еден и со необична форма.
Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг Себастијан Беар Мек Клард се венчаа пред матичар со обични прстени, а по неколку месеци таа се појави со свршенички прстен со два дијаманта, еден во форма на квадрат и еден во форма на круша.
Кети Пери од својот сопруг Орландо Блум доби свршенички прстен во форма на цвет. Средината е изработена од црвен рубин, а ливчињата на цветот се формирани од дијаманти.
Аријана Гранде од Далтон Гомез доби свршенички прстен со дијамант и бисер. Се шпекулира дека бисерот е од семејното наследство на пејачката.
Б. С. Б. | Црнобело