Прво романтично запросување во новата година – Елена Стефановска доби понуда за брак на патување во Москва (фото)
- Детали
- сабота, 01 јануари 2022
„Кажав Да!“ – напиша македонската инфлуенсерка Елена Стефановска до фотографиите објавени на Инстаграм со кои откри дека ја прифатила понудата за брак на нејзиниот партнер Бојан Најдоски.
На новогодишната ноќ падна и првото романтично запросување за 2022-ра година. Македонската ТВ водителка, инфлуенсерка и продуцент Елена Стефановска по повод новогодишните празници заедно со нејзиниот партнер Бојан Најдоски отпатуваа во Москва.
Покрај големиот број фотографии и видеа од руската престолнина таа објави и две фотографии со кои објави дека и официјално добила понуда за брак на новогодишната ноќ.
„Кажав Да!!! 01.01.2022 Среќна Нова година“ – напиша таа до фотографиите на кои се гледа вереничкиот прстен.
Елена која е позната како водителка и продуцент на ТВ емисијата „Живот со стил“ и која минатата година ја доби наградата „инфлуенсерка на годината“, веќе подолго време е во врска со Бојан и често објавува нивни заеднички фотографии од патувањата.
Прочитајте и Елена Стефановска во совршена атмосфера прослави годишнина од врска + најубавите фотки на парот
Елена и Бојан имаат иста страст за уживање со животот и обожаваат патувања. Таа на Инстаграм има над 36.000 следбеници кои досега имаа можност да видат фотографии од нивните патувања во Италија, Хрватска, Турција, Русија и други земји.
Погледнете повеќе фотографии од нивното патување во Русија во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело