Елена Стефановска во светкав фустан и впечатливи чевли ја подигна наградата „инфлуенсерка на годината“ (фото)
- Детали
- петок, 17 декември 2021
„Убаво е чувството кога за вас зборуваат во суперлативи. Да бидеме општествено одговорни, наместо да купуваме следбеници. И онака бројот на фанови не е пресуден за нашиот успех.“, вели Елена Стефановска.
Елена Стефановска, водителката на „Живот со стил“, веќе години наназад е активна на ТВ екраните, но интензивно работи и на својот Инстаграм профил каде има повеќе од 35.000 следбеници.
Таа постојано споделува фотографии од своите патувања, модни комбинации, како и детали од секојдневието.
Нејзиниот ангажман е препознаен и награден со титулата „инфлуенсерка на годината“. На подигнувањето на наградата таа се појави во впечатливо издание, со светкав фустан и чевли со животински дезен.
Елена ги сподели емоциите за наградата:
„Инфлуенсерка на годината
Благодарам www.zenanagodinata.mk
Убаво е чувството кога за вас зборуваат во суперлативи. Навистина годи кога некој ќе го препознае вашиот професионален и општествен ангажман.
Денес многу лесно се добива публика, но тешко се стекнува доверба. Затоа ова признание не е награда за мене, туку за моите следбеници.
За оние кои низ годините го препознаа мојот искрен пристап и никогаш не ме изневерија.
Инфлуенсерка на годината звучи гламурозно, но на овие простори звучи и ризично.
Доказ за тоа е младата српска инфлуенсерка која минатата недела ни покажа дека сајбер насилството никогаш не било поизразено.
Оваа награда и ја посветувам и на Кристина, и на сите оние кои секојдневно се соочуваат со говор на омраза.
Да бидеме општествено одговорни, наместо да купуваме следбеници.
И онака бројот на фанови не е пресуден за нашиот успех.
Ви благодарам од срце.
Благодарам за неизмерна поддршка од моето момче.
Благодарам до мојот личен фотограф Антонио Станков кој е задолжен за најубавите фотки на Инстаграм.“