Меган Фокс во стајлинг со провокативен натпис, не се двои од Машин Ган – прво појавување на парот по свршувачката (фото)
- Детали
- понеделник, 17 јануари 2022
Во тоалета што повеќе потсетува на луксузна долна облека, а потоа и во топ со натпис „Sex“ Меган Фокс го привлече вниманието на присутните на модното шоу на Dolce & Gabbana во Милано и беше модно усогласена со нејзиниот вереник кој прошета на пистата.
Само неколку денови откако јавно го објавија видеото во кое Машин Ган Кели (31) клекна на колено и ја побара Меган Фокс (35) за сопруга, тие беа на модното шоу на Dolce & Gabbana во Милано во Италија.
Веднаш по краткиот одмор во Порторико, каде раперот ја изненади својата девојка со понудата за брак, славниот пар ја посети Италија.
Прочитајте и Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со дијамантски прстен со посебно значење - прославиле со пиење крв (видео)
Меган на црвениот тепих се појави во топ што повеќе наликува на луксузна долна облека и кожени пантолони со врвки и сребрен „чокер“ околу вратот.
Таа повторно беше модно усогласена со нејзиниот вереник кој вечерта прошета на модната писта во Милано, а носеше машки костим и ролка од Dolce&Gabanna и секако впечатливиот моден додаток на устата.
За забавата по настанот, Меган слично како што тоа го направи и на Мет Галата минатата година, и овојпат одлучи да го промени стајлингот, па се појави во малку покриена варијанта.
Холивудската актерка се појави во краток топ со натписот Sex, црно болеро и кратко мини здолниште.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Прочитајте и Се прободел со нож за да ја импресионира, таа го вика ’тато‘ – Бизарната врска на Машин Ган Кели и Меган Фокс
Б. С. Б. | Црнобело