Ријана како замотана во јорган, ќерката на Мадона со влакна под пазуви – црвениот тепих на Мет Гала 2021 (фото)
Голем број познати личности продефилираа на годинешното издание на Мет Гала и се обидоа со своите костими да одржат вистинска модна лекција за американската мода.
Мет Гала е настан што вообичаено се одржува првиот понеделник од мај, но годинава поради светската пандемија настанот беше одложен.
Настанот беше прослава на најновата поставка на Институтот за костуми при Метрополитен музеј на уметноста, насловена „Во Америка: Лексикон за мода“.
На црвениот тепих славните и познатите личности се обидоа да ја презентираат темата на американскиот стил, но како и секогаш, некои ѕвезди оставија поголем моден впечаток и беа во центарот на вниманието.
Ријана по подолго време се врати на црвениот тепих придружувана од нејзиното момче ASAP Rocky, а на себе носеше тоалета од Balenciaga што вклучуваше и голем капут и шапка, а многумина ќе се сложат дека двајцата се како замотани во јорган.
Најзабележителна беше промената кај Били Ајлиш која наместо вообичаената вреќеста облека се одлучи за тоалета од Oscar de la Renta, инспирирана од Мерлин Монро.
Кендал Џенер се појави во тоалета од Givenchy инспирирана од модната икона Одри Хепберн, а ќерката на Мадона, Лурдес Леон, како и секогаш позираше со неизбричени пазуви.
Контроверзниот рапер Lil Nas X се појави во три златни аутфити од Versace. Ирина Шајк се појави во проѕирен фустан со цветни детали, а Џастин Бибер во крокс влечки.
Џеј Ло се појави во аутфит инспириран од вестерн ерата, со долг кафеав фустан, крзнено палто и каубојска шапка. Емили Ратајковски во оваа прилика носеше црвен фустан од Вера Ванг. Најстарата ќерка на Коби, Наталија Брајант се појави во авангарден балон фустан.
Но, најзабележителна од сите сепак беше Ким Кардашијан која се појави во целосно црно издание со маска што во целост ѝ го прикриваше лицето, од колекцијата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.
Погледнете фотографии од највпечатливите изданија во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело