Ким Кардашијан е упорна да стане правник по 3 паѓања на завршен испит – побара легално да ја прогласат за слободна од Канје
- Детали
- вторник, 14 декември 2021
„Ова не ми беше сервирано. Паднав на овој испит трипати во 2 години“ - напиша меѓу другото Ким Кардашијан во објавата дека конечно успеала да го положи завршниот испит од прва година на студиите по право. Таа исто така преку суд му одговори на Канје на повиците да му се врати.
Ким Кардашијан (41) е чекор поблиску до завршување на правниот факултет, откако успеа да го положи завршниот испит од прва година.
Минатото лето Ким Кардашијан објави фотографии на Инстаграм како се подготвува за испит во минијатурно бикини покрај базен, а сега ги објави и среќните вести дека конечно успеала да го положи завршниот испит од прва година, по 3 неуспешни обиди во две години.
„Го положив испитот! Кога ќе се погледнам во огледало мошне сум горда на жената која сум станала. Ова не ми беше сервирано. Паднав на овој испит трипати во 2 години, но по секој пад станував и учев напорно сè додека не го положив“ – напиша таа на Инстаграм.
Инаку, според законските одредби во Калифорнија, Ким ќе треба да положи уште еден завршен испит во иднина. Првиот испит или т.н. baby bar exam е завршен испит што го полагаат студентите од прва година.
Ким понатаму појаснува дека овој тест бил потежок од вториот, а како што потенцира, некои од врвните адвокати ѝ рекле дека начинот на којшто таа одлучила да се стекне со диплома по право бил речиси невозможен.
Освен што слави за овој мошне крупен чекор во нејзината цел за стекнување диплома за високо образование, Ким деновиве е актуелна и поради нејзиниот развод со раперот Канје Вест.
Откако Канје пред неколку дена јавно ја молеше Ким да му се врати, PageSix пренесува дека ѕвездата на реалното шоу Keeping Up With the Kardashians поднела документи до судот за легално да ја прогласат за сингл додека трае бракоразводната парница.
„Ми требаш да ми се вратиш Кимберли“ – рече раперот на крајот од изведбата на неговата песна Runaway минатиот четврток (09.12).
Според PageSix Ким донела одлука да поднесе документи до судот затоа што не може да ги сфати барањата на нејзиниот поранешен сопруг кој јавно ја моли да му се врати, а во меѓувреме живее со 22-годишната манекенка Винетриа во неговата куќа во Малибу.
Прочитајте и Сакале да ја абортираат првата ќерка, Ким барала да го сместат во институција – Како се распадна бракот меѓу Ким и Канје?
Б. С. Б. | Црнобело