Ким Кардашијан уште е „под влијание“ на Канје: „Тој ме направи модна икона, пред него бев помошничка“
- Детали
- четврток, 09 декември 2021
„Кариерата ја почнав како организатор на гардеробери и стилист, па фактот што добивам награда за модна икона е неверојатен“ – рече Ким Кардашијан откако ја доби наградата на People.
Ким Кардашијан (41) беше топ-тема со бизарното црно издание на Мет Гала годинава, но сепак, успеа да ја добие наградата за модна икона на People’s Choice, а во говорот на сцена му оддаде почит на поранешниот партнер Канје Вест (44) со кого се разведува.
Прочитајте и „Како знак за женски тоалет е“ – Ким Кардашијан стана меме по бизарниот аутфит на Мет Гала 2021 (фото)
На сцената на доделувањето на наградите, Ким се појави во издание на Balenciaga што потсетуваше на нејзиното издание на Мет Гала, но овојпат наместо во целост да биде покриена, таа се појави во црн корсет со црна ролка што беше надополнет со црни ракавици и црни високи чизми, но и очила за сонце што наликуваат на маска за лице.
На доделувањето на наградата Ким беше придружувана од сестра ѝ Клои Кардашијан (37) и мајка ѝ Крис Џенер (66), но во нејзиниот говор откако ја презема наградата од минатогодишната победничка Трејси Елис Рос, Ким ја искористи приликата да му се заблагодари и на поранешниот сопруг:
„Навистина чест ми е што сум тука. Кариерата ја почнав како организатор на гардеробери и стилист, па фактот што добивам награда за модна икона е неверојатен“ – рече Ким потсетувајќи се на времето кога работела како стилист на Парис Хилтон.
Притоа, Ким најголемата заслуга за нејзиниот успех му ја препиша на Канје Вест со кого во моментов се разведува по седум години брак.
„Ти благодарам Канје што навистина ме запозна со модниот свет и ме натера навистина да се вљубам во модата. Навистина има голем број луѓе што ме инспирираат.
Се чувствувам како во сон затоа што имам можност да се разбудам и да ја носам оваа неверојатна облека, да пробам нови нешта и да преземам ризик“ – рече таа.
Погледнете го видеото од говорот на Ким:
Погледнете повеќе фотографии од настанот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело