„Како знак за женски тоалет е“ – Ким Кардашијан стана меме по бизарниот аутфит на Мет Гала 2021 (фото)
- Детали
- вторник, 14 септември 2021
Ким Кардашијан се појави на Мет Гала 2021 облечена во црно (буквално) од глава до пети, а твитерџиите не ја испуштија можноста да се пошегуваат на нејзина сметка.
Мет галата е еден од најважните настани во светот на шоу-бизнисот и секоја година имаме можност да ги погледнеме ѕвездите во нивните најдобри изданија.
Но, помеѓу многуте дизајнерски креации кои се вистински погодок, секоја година има и по нешто „кич“. Годинава дефинитивно најбизарна беше комбинацијата на Ким Кардашијан.
Ријалити ѕвездата се појави во црна облека, буквално од глава до пети. Ким носеше црн фустан со долги ракави, црни високи чизми, црни ракавици, а дури и лицето целосно ѝ беше покриено со црна маска.
Сите знаеме дека твитерџиите се немилосрдни кога станува збор за шеги на сметка на славните, а овојпат Ким дефинитивно им дала многу материјал.
Не поминаа ни 24 часа од настанот, а Твитер веќе е преплавен со урнебесни објави во чест на бизарната комбинација на Ким Кардашијан.