Папарацо фотки: Меколи Калкин (41) пронајде среќа покрај девојката и синчето - се избори со зависностите и злоупотребите
- Детали
- вторник, 19 октомври 2021
Од дете ѕвезда и скандалозен однос со Мајкл Џексон, па зависност од хероин - до 41-годишен маж кој изгледа одлично и ужива во улогата на татко. Нови папарацо фотки од Меколи Калкин и семејството...
Меколи Калкин (41) беше фотографиран како го турка новородениот син во количка со девојката Бренда Сонг во Лос Анџелес.
Тие одамна се заедно, навистина се вљубени, а круна на нивната љубов е синот Дакота Сонг Калкин, кој го доби името во чест на сестрата на Калкин, која загинала кога во 2008 година кога ја прегазил автомобил во движење пред локал во Лос Анџелес.
Сестрата на Меколи Калкин
Некогашната ѕвезда од „Сам дома“ изгледа свежо и среќно покрај саканите во впечатлива сина кошула и старки.
Парот ја чуваше бременоста на Бренда во тајност, а во април годинава објавија дека станаа родители. Заедно се од 2017 година.
Инаку, Калкин со години се бореше со зависноста од дрога, а имаше и приказни за низа злоупотреби во неговиот живот од кои едната се однесува на неговиот чуден однос со Мајкл Џексон. Калкин бил мета на злоупотреба и од страна на својот татко.
Прочитајте и Чуден однос со Мајкл Џексон, дрога: 10 мрачни факти за животот на Меколи Калкин
С. С. | Црнобело