Меколи Калкин (40) првпат стана татко – го крсти синчето по сестра му која загина во сообраќајка
- Детали
- вторник, 13 април 2021
Меколи Калкин и неговата девојка Бренда Сонг за неколку светски медиуми потврдија дека станале родители - добиле синче кое е крстено по сестрата на актерот. Иако тие често зборуваа дека сакаат да бидат родители, целата бременост ја чуваа во тајност.
Меколи Калкин за првпат стана татко – со партнерката Бренда Сонг го доби синот Дакота Сонг Калкин.
Парот ги потврди гласините за Esquire, кои први ја споделија веста, а подоцна и за CNN, но веројатно ќе почекаме пред да ги видиме првите фотки.
Според изворите, синчето се родило на 5-ти април во Лос Анџелес, а во кратка изјава, актерот само споделува дека и тој и Бренда се пресреќни.
Инаку, детенцето е крстено по сестрата на Меколи – Дакота – која почина во 2008-ма на 29-годишна возраст.
Тогаш, сестрата на актерот доживеа сообраќајна несреќа, а подоцна им подлегна на повредите. Наводно, после трагичниот настан не била покрената никаква тужба, бидејќи личноста што управувала со возилото не била под дејство на алкохол и застанала кога ја удрила Дакота.
Актерот уште во март минатата година зборуваше за тоа дека се обидуваат да добијат дете со Бренда:
„Се обидуваме да сфатиме што треба да правиме, сакаме да го погодиме тајмингот“.
Всушност, актерот зборуваше за желбата да стане татко уште во 2018-та, кога на интервју откри дека со Бренда „работат на случајот“. Сепак, целата бременоста на Бренда успеале да ја чуваат во тајност.
40-годишниот актер и 33-годишната актерка се запознаа на сетот на Changeland, во Тајланд, а првпат беа забележани заедно во јавност во 2017 година. Еден месец подоцна, Бренда сподели заедничка фотка со Меколи, со што ги потврдија гласините дека се пар.
Актерите добро ја кријат својата приватност и се држат подалеку од јавноста, иако одвреме-навреме споделуваат понекоја заедничка фотографија.
Спирова С. | Црнобело