Том Круз повторно непрепознатлив од естетските корекции - Колку се промени низ годините? (фото)
2001 година
Дури во 2001 година, по разводот со Никол Кидман, Том Круз почна да носи протеза за да ги исправи забите.
Актерот со гордост ја покажа протезата на премиерата на Minority Report, а откако ја извади, насмевката стана неговата најпрепознатлива карактеристика.
2006 година
На 44-годишна возраст, Том изгледаше навистина младолико, но и природно, па се верува дека дотогаш уште немал направено корекции на лицето.
2010 година
Изгледот на Том почна да се менува, но веројатно поради драстичните промени на тежината за потребите на неговите филмови. Сепак, овој период веќе постоеја гласините дека почнал со употреба на филери.
2012 година
Овој период јавноста беше убедена дека Том направил операција на носот, на што тој одговори:
„Немам и никогаш нема да направам“.
Колега и пријател на актерот изјави дека тој период отишол кај него на гости, ненајавен, па го затекнал актерот со точки на лицето.
Според експертите, овие точки се всушност маркери кои им помагаат да ги стават филерите на вистинското место. Сличен метод се користел и за неколку други слични зафати.
2016 година
За BAFTA наградите јавноста беше убедена дека Том има ставено филери.
Неговото лице изгледаше потечено и многу мазно, а на челото немаше ниту една брчка.
2018 година
Во 2018-та лицето на Том изгледаше послабо и поприродно, односно имаше понекоја брчка како секој маж на негова возраст, па можеби актерот направил пауза од естетските корекции.
2021
Актерот ја изненади јавноста со изгледот, а и самите ќе забележите дека на најновите фотки има помалку брчки отколку на постарите.
Спирова С. | Црнобело