Раскина со 25 години помладата девојка откако ѝ ги запозна децата  – Дали Том Круз се плаши од сериозни врски?

По Кејти Холмс, Том Круз немал ниту една сериозна врска. Сега, актерот ѝ раскинал на 25 години помладата девојка, само неколку дена откако ги запознал нејзините деца и во сите медиуми беше објавено дека тие двајца имаат сериозни планови за иднината.

raskina-so-25-godini-pomladata-devojka-otkako-i-gi-zapozna-decata-dali-tom-kruz-se-plashi-od-seriozni-vrski-01.jpg

Само неколку дена откако во сите светски таблоиди беше објавена веста дека актерот Том Круз е лудо вљубен во 25 години помладата девојка и ги запознал и нејзините деца, тие двајца раскинале. Па, заради тоа, многумина се прашуваат - дали актерот бега од сериозни врски?

raskina-so-25-godini-pomladata-devojka-otkako-i-gi-zapozna-decata-dali-tom-kruz-se-plashi-od-seriozni-vrski-21.jpg

Според The Sun, Том Круз одлучил да стави крај на врската со 25 години помладата Елсина Кајрова, но се потрудил да останат пријатели затоа што тие живеат во иста зграда во Лондон.

„Тој не сака да се разделат на лош начин, затоа што потоа би било многу чудно кога случајно би се сретнале во лифт.

Никој од нив двајцата не се лути и, едноставно, нивната врска се потроши“ – вели извор близок до актерот.

raskina-so-25-godini-pomladata-devojka-otkako-i-gi-zapozna-decata-dali-tom-kruz-se-plashi-od-seriozni-vrski-04.jpg

Според пишувањата во медиумите, Том ја запознал Елсина во декември минатата година и тие двајца биле нераздвојни неколку месеци, па таа дури и го придружувала на некои важни настани во Лондон.

raskina-so-25-godini-pomladata-devojka-otkako-i-gi-zapozna-decata-dali-tom-kruz-se-plashi-od-seriozni-vrski-03.jpg

Наводно, во изминатите неколку месеци, Том секоја вечер бил кај неговата девојка и покрај тоа што и двајцата се многу богати, сакале да уживаат во едноставни работи, како прошетки низ Хајд Парк.

Инаку, Елсина е ќерка на познатиот руски политичар Ринат Кајрова, кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, а претходно била омажена за рускиот олигарх Димитри Цветков со кого има две деца.

raskina-so-25-godini-pomladata-devojka-otkako-i-gi-zapozna-decata-dali-tom-kruz-se-plashi-od-seriozni-vrski-06.jpg

Се проценува дека таткото на Елсина има богатство од околу 5 милијарди долари, но очигледно на актерот воопшто не му било важно тоа што таа потекнува од богато семејство.

raskina-so-25-godini-pomladata-devojka-otkako-i-gi-zapozna-decata-dali-tom-kruz-se-plashi-od-seriozni-vrski-20.jpg

За потсетување, Том Круз досега трипати бил во брак, а по разводот со Кејти Холмс со која ја доби ќерката Сури, тој не бил во сериозна врска. Минатата година имаше гласини дека актерот сака да започне врска со Шакира.

Прочитајте и Бурниот развод на Том Круз и Кејти Холмс – Не смеела да има врски по разделбата, не ја пуштала ќерка им кај Том без телохранител

raskina-so-25-godini-pomladata-devojka-otkako-i-gi-zapozna-decata-dali-tom-kruz-se-plashi-od-seriozni-vrski-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg