Му се допаѓа што е пониска од него, ја советувал како да се раздели од Пике – Дали Шакира и Том Круз се новиот славен пар?
- Детали
- среда, 10 мај 2023
Том Круз ѝ пружил поддршка и рамо за плачење на Шакира додека таа се разделуваше од Пике, а според светските медиуми, актерот има намера да ја освои познатата пејачка. Што знаеме за врската меѓу Том Круз и Шакира?
За време на Формула 1 Гран при во Мајами, минатиот викенд (07.05) се собраа голем број познати личности, а најголемо внимание привлече заедничкото појавување на Том Круз и Шакира.
Па, многумина се прашуваат дали на повидок е нова романтична врска меѓу колумбиската пејачка и популарниот холивудски актер.
Нивното заедничко појавување привлече посебно внимание кај шпанските медиуми, кои веднаш почнаа да пишуваат дека најверојатно меѓу Том Круз (60) и Шакира (46) постои нешто повеќе од пријателство.
Шпанскиот весник El Nacional објави сторија во која, повикувајќи се на извори блиски до пејачката, пишува дека таа и Том Круз со години наназад се многу блиски пријатели и дека таа му се доверувала за сѐ откако дознала дека Пике ја изневерува.
Според медиумите, актерот непосредно по премиерата на неговиот филм „Top Gun: Maverick“ ѝ се јавил на Шакира и ја прашал кога може да се видат за да му го каже нејзиното мислење за филмот.
Но, со оглед на тоа што Шакира во тој период поминуваше низ тежок период заради разделбата со Пике и заради здравствената состојба на татко ѝ кој беше во болница, му признала дека немала време да го гледа филмот.
„Дента кога го добила повикот, Шакира била со татко ѝ и признала дека сѐ уште немала време да го гледа.
Истото попладне таа била во кино заедно со синовите да го изгледа филмот, а потоа му се јавила на Круз и му кажала дека на децата филмот многу им се допаднал“ – пишува весникот.
Според извори блиски до пејачката, таа и Круз со години наназад биле пријатели, но особено се зближиле откако таа дознала дека Пике ја изневерува.
Наводно, кога Том дознал за проблемите со кои таа се соочува, почнал да ја бара секој ден на телефон, да ѝ пружа поддршка и помош за да ги преброди тешките мигови.
Други извори, пак, пишуваат дека зад пријателството на Том Круз постојат други намери и дека актерот е решен да даде сѐ од себе за да ја освои, па затоа одлучил да ѝ биде рамо за плачење додека таа минуваше низ тешкиот период.
Наводно, помеѓу Шакира и Том постои хемија, а нему многу му се допаѓало што таа не е повисока од него, што во основа на актерот честопати му се случувало во минатото - со неговите 170cm, тој важи за еден од најниските мажи во Холивуд.
Сега останува да видиме како ова пријателство понатаму ќе се развива и дали можеби меѓу нив двајца ќе се роди љубов. Според Page Six Том е решен да направи сѐ за да ја освои.
Б. С. Б. | Црнобело