Том Круз повторно непрепознатлив од естетските корекции - Колку се промени низ годините? (фото)
- Детали
- петок, 15 октомври 2021
Со години постојат гласини дека Том Круз користи филери и ботокс, дека има направено пластична операција, па дури и трансплантација на коса, а некои експерти се убедени дека дефинитивно има вистина во тоа. Погледнете колку се променил низ годините...
Откако јавноста ги виде првите фотки од Том Круз на кои изгледа непрепознатливо, тој повторно беше забележан во јавност и уште еднаш ги натера фановите да се запрашаат што се случува со неговото лице.
Актерот (59) го слетуваше неговиот приватен авион во Лос Анџелес, а од папарацо фотките се гледа дека неговото лице уште е потечено, најверојатно од филери.
Поради вниманието што го привлече драстичната промена на актерот, целата ситуација почнаа да ја дискутираат и експерти за естетски корекции, а повеќето се согласуваат дека дефинитивно има направено некаква корекција.
„Том изгледа подуено, што може да биде последица од филери, некоја естетска процедура или дебелеење. Сметам дека порано има користено филери под очите, околу устата и носот, но овојпат е различно“, вели Алис Хеншо, сопственик на студио за естетски корекции.
„Од фотографиите се гледа дека видно отечен е и неговиот врат. Во оваа област не се ставаат филери, па веројатно отоците се од некоја процедура или дебелеење.
Некои естетски зафати, како лифтинг на вратот, можат да предизвикаат вакви отоци, а лузните можат да се скријат многу лесно“.
Иако Том отсекогаш негирал, постојат гласини дека има направено операција на носот и трансплантација на коса, но и дека редовно користи филери и ботокс.
Алис верува и дека гласините за трансплантација на коса мора да се точни.
„На скоро 60 години, косата на Том изгледа релативно исто како во младоста, освен што е малку проретчена, а ова може да биде знак за трансплантација на коса“.
Веројатно никогаш нема да дознаеме какви сè корекции има направено Том Круз, но барем можеме да правиме споредба како изгледал некогаш и денес.
1982 година
Насмевката е една од најпрепознатливите карактеристики на Том, а добро познат факт е дека актерот ги исправи и избели забите дури откако се прослави.
1986 година
Во периодот кога беше познат како ѕвездата од Top Gun, тогаш 24-годишниот Том изгледаше како и секое момче на негова возраст.
1996 година
Невообичаен изглед за актерот – брада и долга коса.