„Лошите момци“ ги споија – Меган Фокс и Кортни Кардашијан позираат топлес во жешка фотосесија
- Детали
- четврток, 23 септември 2021
Дечковците на Меган (35) и Кортни (42) се блиски пријатели, па преку нив, двете девојки се зближија и почнаа да ја покажуваат својата дива страна со жешки фотосесии, овојпат топлес.
Кортни Кардашијан и Меган Фокс се соблекоа во долна облека за да се појават во најновата кампања на Ким Кардашијан за нејзиниот бренд Skims.
Меган и Кортни позираат во топлес изданија, прикривајќи ги градите со рацете, облечени во идентична долна облека од новата колекција на Skims.
Инаку Кортни и Меган освен што заедно се појавуваат во најновата кампања на брендот на Ким, тие во последно време се и мошне блиски пријателки благодарение на пријателството помеѓу нивните момчиња Тревис Баркер и Машин Ган Кели.
Според US weekly Меган во последно време мошне се зближила со Кортни и со другите сестри од семејството Кардашијан поради тоа што таа и Машин Ган Кели се неразделни, а младиот рапер постојано се дружи со Тревис Баркер, момчето на Кортни.
Тие беа забележани како се дружат во повеќе наврати, а особено внимание привлекоа фотографиите од MTV Video Music Awards, што се одржаа минатата недела, кога двата пара објавија провокативни фотки од тоалет.
На истиот настан Меган и Кортни заедно се појавија на сцената за да ги најават нивните момчиња и ги повикаа како „идните татковци на нивните бебињататковци на нивните бебиња“.
Погледнете повеќе фотографии од фотосесијата во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело