„Татковци на нашите бебиња“ – Меган Фокс и Кортни Кардашијан провокативни со дечковците на MTV наградите
- Детали
- понеделник, 13 септември 2021
Машин Ган Кели и Меган Фокс, како и Кортни Карадашијан со Тревис Баркер беа највпечатливите двојки што во целост го украдоа вниманието на црвениот тепих на доделувањето на MTV Video Music Awards.
Во Њујорк, синоќа (12.09) се одржа доделувањето на MTV Video Music Awards. На црвениот тепих продефилираа поголем број славни личности, а најголемо внимание привлекоа популарните парови.
Меган Фокс и Машин Ган Кели повторно не штедеа на размена на нежности на црвениот тепих, а раперот не можеше да ги тргне рацете од актерката што се појави во речиси невидлив фустан на Mugler.
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер повторно им покажаа на сите колку многу се вљубени еден во друг, а кулминација на настанот беше кога Кортни и Меган ги повикаа на сцената нивните момчиња за да им ја врачат наградата и ги нарекоа: „идните татковци на нашите бебиња“.
https://www.youtube.com/watch?v=H_KHcgsVvOs
Камила Кабејо и Шон Мендез иако и двајцата беа присутни на настанот, сепак одлучија да се фотографираат одвоено на црвениот тепих, а фотографите ја уловија Џеј Ло како доаѓа на настанот, но дивата не се фотографираше на црвениот тепих и забележително беше тоа што во оваа пригода беше сама, без Бен Афлек.
Меѓу попознатите што се појавија на црвениот тепих беше и контроверзниот рапер Lil Nas X кој привлече големо внимание со костумот на Versace во боја на лаванда со долг плашт.
Парис Хилтон, Вини Харлоу, Аврил Лавињ, Ед Ширан, Вини Харлоу се само некои од другите славни имиња што продефилираа на црвениот тепих.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело