Се врати на работа: Емили Ратајковски 6 месеци по породувањето во топ форма во смело танга бикини
- Детали
- петок, 03 септември 2021
Шест месеци по породувањето Емили Ратајковски се врати на модните писти. Таа се прошета низ улиците на Лос Анџелес за потребите на ексклузивното модно шоу на брендот на Ријана Savage X Fenty.
Додека некои жени мака мачат со килограмите по породувањето ова изгледа не е случај и со убавата манекенка. Емили се појави во жешко розово танга бикини, а го покажа совршеното тело.
Таа чекореше на „пистата“ на улиците на Лос Анџелес помеѓу паркираните автомобили и знаците што означуваа дека улиците се затворени.
Со златен накит, Мери Џејн чевли со златни ремчиња и коса собрана во плетенки Емили изгледаше просто неодоливо. Никој не би можел ниту да претпостави дека таа се породи во март годинава и го роди синот Силвестер.
Прочитајте и Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики
Инаку, ова е прво појавување на Ратајковски на модните писти по породувањето.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело