По драматичната разделба, како се „тешат“ Бен Афлек и Ана де Армас?
- Детали
- вторник, 27 април 2021
Бен Афлек тешко ја поднесе разделбата од 16 години помладата актерка, дури беше уловен како го натерал брат му да фрли постер од неа во корпа за отпадоци. Што прават двајцата сега?
Бен Афлек тешко ја поднесе разделбата со актерката Ана де Армас, но за среќа очигледно сфати што е вистински важно и деновиве конечно минува квалитетно време со неговите деца од бракот со Џенифер Гарнер.
Тој беше фотографиран како го зема својот 8-годишен син од пливање, а претходниот ден пак беше фотографиран со неговата 12-годишна ќерка на шопинг. Тој и Џенифер Гарнер имаат и уште една постара ќерка. Се разведоа во 2018 година.
Инаку, периодов Бен Афлек работи на снимањето на филмот „The Tender Bar“, за кој пред извесен период снимаше сцени во Бостон заедно со својот пријател Џорџ Клуни.
Од друга страна пак, поранешната девојка на Бен Афлек, Ана де Армас, беше неодамна фотографирана како го шета своето куче Елвис во придружба на мистериозен маж. Двајцата уживаа во опуштено издание со кафе во природа.
32-годишната актерка се раздели во јануари од Бен Афлек (48) по една година состанување.
Актерот тешко се справуваше со разделбата и неговиот брат беше фотографиран дури и како фрла постер од Ана во корпа за отпадоци, очигледно по налог на Бен Афлек.
Нови фотки: Што прават Бен Афлек и Ана де Армас сега?
С. С. | Црнобело