Ретка глетка помеѓу холивудски пријатели: Џорџ Клуни и Бен Афлек се прегрнаа од срце (фото)
- Детали
- четврток, 15 април 2021
Бен Афлек доби топла прегратка од колегата Џорџ Клуни веднаш по завршувањето на снимањето на нивниот нов филмски проект – The Tender Bar – а фотографите на сетот го уловија емотивниот момент.
Џорџ Клуни и Бен Афлек соработуваат на нова драма, чиј режисер е самиот Клуни, а неделава завршија со снимањето. Пред да почнат со последната сцена, актерите беа фотографирани на сетот како разговараат.
Бен Афлек е облечен како ликот што го глуми, а Џорџ носи фармерки, црна маичка и заштитна маска на лицето.
На последната сцена, Бен Афлек седи во автомобил, а како што завршуваат со снимање, на фотките се гледа дека Клуни е особено задоволен од изведбата на Бен. А, веднаш штом Бен излегува од автомобилот, Клуни без двоумење го прегрнува.
Филмот The Tender Bar e направен според истоимените мемоари на Ј. Р. Моерингер, во кои се опишани првите години од животот во Њујорк на писателот.
Бен Афлек и Џорџ Клуни имаат соработувано и претходно, во 2012-та година, кога и двајцата се појавија во филмот Argo.
Снимањето на новот филм почна пред неполн месец, а тогаш извори блиски до Бен Афлек изјавија дека и двајцата актери се пресреќни што повторно ќе можат да работат заедно.
„Бен е навистина возбуден за проектот. Тој и Џорџ се многу среќни што повторно се обединија за да соработуваат“.
Уште не е познат датумот за премиера на нивниот нов заеднички филм.
Спирова С. | Црнобело