Кралицата го слави најтажниот 95-ти роденден, но принцот Хари не остана, се врати кај бремената Меган Маркл

И овојпат принцот Хари на прво место ја стави својата сопруга и синчето. Тој си отиде од Велика Британија само еден ден пред роденденот на неговата баба.

kralicata-go-slavi-najtazhniot-95-ti-rodenden-no-princot-hari-ne-ostana-se-vrati-kaj-bremenata-megan-markl-01.jpg

Кралицата Елизабета денес (21.04) го слави својот 95-ти роденден, но ова е најтажниот роденден за неа.

Поради неодамнешната загуба на сопругот, принцот Филип кој почина на 9-ти април, нема да има јавна прослава затоа што членовите на кралското семејство тагуваат по него.

kralicata-go-slavi-najtazhniot-95-ti-rodenden-no-princot-hari-ne-ostana-se-vrati-kaj-bremenata-megan-markl-07.jpg

Елизабета ќе го мине денот во замокот Виндзор.

Членовите на кралското семејство периодов ротираат со посети кај кралицата за таа да не биде сама, откако ја изгуби својата втора половина по 73 години брак.

kralicata-go-slavi-najtazhniot-95-ti-rodenden-no-princot-hari-ne-ostana-se-vrati-kaj-bremenata-megan-markl-06.jpg

Инаку, принцот Хари не остана на роденденот на неговата баба, туку се врати во САД кај бремената Меган Маркл и нивното синче Арчи, само ден претходно.

kralicata-go-slavi-najtazhniot-95-ti-rodenden-no-princot-hari-ne-ostana-se-vrati-kaj-bremenata-megan-markl-03.jpg

Според извори блиски до кралското семејство, тој се двоумел дали да остане за нејзиниот роденден, но бил нетрпелив да ја види бремената сопруга.

kralicata-go-slavi-najtazhniot-95-ti-rodenden-no-princot-hari-ne-ostana-se-vrati-kaj-bremenata-megan-markl-02.jpg

Погребот на принцот Филип беше причината за посета на Велика Британија од страна на Хари, по една година, но и значеше прва средба со кралското семејство, по интервјуто со Опра каде тој и Меган ги нападнаа со изјави кралските членови.

kralicata-go-slavi-najtazhniot-95-ti-rodenden-no-princot-hari-ne-ostana-se-vrati-kaj-bremenata-megan-markl-04.jpg

Сепак, кралицата го поштеди од срам и не дозволи никој да носи воени униформи на погребот, како што е традиција, за Хари и принцор Ендру да не се издвојуваат.

kralicata-go-slavi-najtazhniot-95-ti-rodenden-no-princot-hari-ne-ostana-se-vrati-kaj-bremenata-megan-markl-05.jpg

Прочитајте и „Баба си е баба“ - како кралицата го спаси Хари од непријатност на погребот на дедо му?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои славни личности се родени во знакот на Рак? Од Памела Андерсон и Софија Вергара, до Малала Јусафзаи и Илон Маск – бројни сла...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg