Последно испраќање на принцот Филип – започна церемонијата со сите кралски протоколи (фото+видео)
- Детали
- сабота, 17 април 2021
Принцовите Чарлс, Вилијам и Хари, заедно со уште неколку членови од најблиското семејство, со 8-минутна поворка го испратија принцот Филип до капелата, каде ги пречека кралицата Елизабета.
Церемонијата за погребување на принцот Филип започна во 15.45 часот, а во Виндзор пристигнаа најблиските членови на семејството, со оглед на тоа што ќе се одвива со намален број на луѓе заради мерките за корона вирус.
Ковчегот на принцот Филип покриен со неговиот меч и воена капа, од замокот Виндзор со 8-минутна поворка пристигна во капелата, каде кралицата Елизабета го пречека, за последен поздрав од својот сопруг.
Поворката ја водеа принцот Чарлс, принцезата Ана, принцовите Вилијам и Хари, Андреј, Едвард и уште неколку членови од најблиското кралско семејство, како и од семејството на принцот Филип од Германија, а во капелата ги пречека кралицата и сопругите на принцовите.
Скршени од болка, членовите на кралското семејство се испраќаат од принцот Филип кој почина на 99-годишна возраст.
На церемонијата пристигна и принцот Хари, кој речиси после една година за првпат се гледа со семејството, откако се пресели со Меган Маркл во САД.