Kрис Џенер: „Што помислив кога мојот поранешен сопруг одлучи да стане жена?“
- Детали
- среда, 14 април 2021
Крис Џенер открива дека на почетокот и таа, и целото семејство биле збунети од она што се случува, но сите се потрудиле да ѝ ја дадат целата поддршка на Кејтлин и да научат што е можно повеќе за транзицијата и она низ што минува.
Крис Џенер се отвори за транзицијата на Кејтлин Џенер, со која беше во брак пред таа да си го промени полот. Пред да ја започне својата транзиција, Кејтлин се нарекуваше Брус Џенер и до 2013-та беше во брак со Крис.
Заедно тие ги добија ќерките Кендал и Кајли Џенер, а сега Крис одлучи отворено да зборува за предизвиците со кои се соочиле додека ѝ ја давале потребната поддршка на Кејтлин.
65-годишната ријалити ѕвезда имаше интервју за магазинот WSJ, каде што откри дека на почетокот таа и семејството воопшто не знаеле што всушност значи транзицијата на Кејтлин.
„Мислам дека едно од најинтересните нешта е што сфативме дека никој од нас не ни помислувал дека ќе се соочи со нешто слично“.
Сепак, Крис нагласува дека иако не знаеле ништо, го давале најдоброто до себе за да ја поддржат Кејтлин.
„Не знаевме како да го процесираме сето тоа, а беше многу. Прво ни беше шок, а потоа ни стана реалност. Стана нешто коешто моравме да го прифатиме, да го разбереме и да почнеме да учиме“.
Крис признава дека овој период бил исклучително тежок за целото семејство и иако ја имала најголемата почит за Кејтлин, на почетокот не ѝ било воопшто лесно да се справи со целата ситуација.
„Сигурна сум дека многу луѓе кои го сакаат нашето шоу не го очекуваа тоа и беа збунети… Бидејќи, транзицијата можете да ја гледате на многу начини. Мислам дека тогаш живеевме од ден за ден. Искрено, немав искуство со ништо слично, па само се обидував да ја разберам што подобро“.
„Јас сум мајка на нашите деца, па ми беше тешко бидејќи сакав да бидам добар родител и да донесувам правилни одлуки, но тогаш не бев сигурна што е правилно, а што не“.
Крис нагласува дека денес таа и 71-годишната Кејтлин се во добри односи и меѓу нив постои огромна заемна почит.
„Таа е таткото на две од моите деца, а тоа кажува многу“, вели Крис.
Крис и Кејтлин, тогаш Брус, стапија во брак во 1991 година, а се разделија во 2013-та. Нивниот развод се финализираше две години подоцна.
Претходно, Крис беше во брак со познатиот адвокат Роберт Кардашијан, со кого се раздели во 1991 година. Тие останаа добри пријатели сè до неговата смрт во 2003-та.
Моментално Крис е во врска со Кори Гембл, а заедно се од 2014 година.
Погледнете и Кори има 39, Крис Џенер 64 години и се лудо вљубени - романсата на двојката низ фотки
Спирова С. | Црнобело