Кори има 39, Крис Џенер 64 години и се лудо вљубени - романсата на двојката низ фотки
- Детали
- вторник, 18 февруари 2020
64-годишната Крис Џенер е во врска со 39-годишниот Кори Гембл уште од 2014-та. А, огромната возрасна разлика, изгледа воопшто не им пречи.
Крис има репутација на жена која сака да се забавува, додека Кори го бие глас дека повеќе ужива во домашна атмосфера.
Но секојпат кога Крис управува со империјата Кардашијан или присуствува на најгламурозната забава, Кори е покрај неа.
Јавноста долго време ја очекува свадбата на овој пар, но дали ќе се венчаат или не, изгледа не им прави голема разлика, бидејќи љубовта помеѓу нив секако постои.
Следниве фотографии го докажуваат тоа:
Прегратки за 60-тиот роденден
Пред 4 години, Крис наполни 60 години, а роденденот не помина без огромна забава.
На забавата, се разбира, присуствуваше и Кори, кој со прегратки ја покажуваше неговата љубов кон Крис.
Слика вредна илјада зборови
Оваа фотографија одлично ја прикажува врската на Кори и Крис.
Двајцата постојано ја покажуваат нивната наклонетост, а насмевката на Крис навистина кажува сè.
Кори е дел од семејството
Оваа фотографија е направена кога Ким и Кортни решија да волонтираат. На настанот присуствуваа и Крис и Кори кои ја покажаа нивната поддршка.
Кори дефинитивно веќе е дел од семејството.
Суптилен допир
На оваа фотографија Кори суптилно ја допира Крис, а таа навистина изгледа вљубено.
Ваквите моменти не се реткост за нив двајцата.
Сладок бакнеж
Селфи манијата ги зафати сите, па дури и Крис и Кори. На оваа фотографија се гледа како Кори се обидува да направи селфи додека ја бакнува Крис.
Поддршка
Многумина велат дека Кори е грижлива и внимателна личност.
На оваа фотографија тој ја држи Крис за половината, со тоа кажувајќи ѝ дека е овде за неа.
И повторно, нејзината насмевка кажува сè.
Повторно со семејството
Кори се придружил на фотографијата на Крис со Кајли и Сторми, на венчавката на Џастин Бибер.
Целото внимание врз Крис
Кори секогаш ја покажува неговата љубов кон Крис, но секојпат со доза почит.
Говорот на телото кажува многу
Насмевката на Кори и опуштеноста на Крис покажуваат колку им е убаво кога се заедно.
Знаевте ли дека тие се запознале на 40-тиот роденден на дизајнерот Рикардо Тиши во 2014-та?
Заедничко забавување
Веќе напоменавме дека Крис сака да се забавува, а Кори да се релаксира. Сепак, кога Крис сака да се забавува, Кори никогаш не ја остава сама.