Барањата на Шакира
- Детали
- среда, 04 мај 2011
Сите оние кои сакаат да ја видат колумбиската пејачка Шакира во живо имаат можност тоа да го направат на 9ти мај, најблиску до нас – во Белградската Арена.
Шакира со сигурност ќе одржи спектакуларен концерт, но на организаторите воопшто не им било лесно да ја доведат во Србија.
На листата на желби на пејачката најважни се обезбедувањето и храната. Имено, на Шакира на располагање ќе и бидат две црни лимузини со затемнети стакла. За неа ќе се грижат и вооружени телохранители. Шакира не барала премногу за опремата во нејзината просторија во Арената, но затоа доставила листа на интересни намирници кои сака да ја пречекаат во српската престолнина.
Таа со себе носи сопствен кувар, и очекува да има на располагање: манго, банани, мандарини, боровинки, капини, јагоди, праски, сливи, лубеница, неколку видови чипс, грицкалки и соодветни слатки.
Што се однесува до пијалакот, не барала ништо алкохолно, туку: диетална кока кола, диетално и обично пепси, вода Фиџи, 7up, 6 видови енергетски пијалаци, неколку видови чаеви, млеко од соја како и природен сируп за искашлување. Интересно е што Шакира изразила желба сè што ќе остане да биде донирано во локалната народна кујна.