Лејди Гага се вери со партнерот – по 2 неуспешни свршувачки, не ѝ се брза за свадба

Лејди Гага и партнерот Мајкл Полански се заедно веќе четири години, а на Олимписките игри во Париз, таа го претстави како нејзин свршеник. Ова е третата свршувачка за пејачката, а со Мајкл, наводно, не се брзале за брак.

lejdi-gaga-se-svrshi-so-partnerot-po-2-neuspeshni-svrshuvachki-ne-se-brza-za-svadba-01.jpg

Веќе извесен период се шпекулира дека Лејди Гага и партнерот Мајкл Полански се свршени.

38-годишната пејачка беше забележана и со прстен за кој фановите се сигурни дека е веренички.

Сега, за време на Олимписките игри во Париз, Лејди Гага суптилно ги потврди шпекулациите.

lejdi-gaga-se-svrshi-so-partnerot-po-2-neuspeshni-svrshuvachki-ne-se-brza-za-svadba-03.jpg

На видео направено во неделата (28.08), се гледа Лејди Гага во друштво на партнерот на натпревар по пливање во склоп на Олимписките игри.

Во видеото, кое е споделено на ТикТок, пејачката разговара со францускиот премиер и во еден миг го претставува Мајкл како нејзин свршеник.

@gabriel_attal

Thank you Lady Gaga for your stunning performance at the opening ceremony. It was breathtaking. 🤩🫶

♬ son original - Gabriel Attal

Засега пејачката и партнерот немаат откриено детали за свршувачката.

За потсетување, првите гласини за Лејди Гага и Мајкл Полански се појавија во 2020 година, кога беа забележани како се бакнуваат на новогодишна прослава во Њујорк.

Тие ја потврдија врската само неколку недели подоцна.

lejdi-gaga-se-svrshi-so-partnerot-po-2-neuspeshni-svrshuvachki-ne-se-brza-za-svadba-06.jpg

Според извори блиски до парот, пејачката и свршеникот се зближиле на почетокот од пандемијата, кога голем дел од времето поминувале затворени дома.

Лејди Гага не зборува многу за врската, но во 2021 година, за време на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, изјави дека е среќна со него и дека е благодарна за неговата поддршка.

lejdi-gaga-se-svrshi-so-partnerot-po-2-neuspeshni-svrshuvachki-ne-se-brza-za-svadba-07.jpg

Според изворите, иако Лејди Гага и Мајкл не се брзале за свршувачка и брак, веќе живееле како брачен пар.

lejdi-gaga-se-svrshi-so-partnerot-po-2-neuspeshni-svrshuvachki-ne-se-brza-za-svadba-09.jpg

Ова е трета свршувачка за Лејди Гага.

Претходно, таа беше свршена со Кристијан Карино, но се разделија во 2019-та, по две години.

lejdi-gaga-se-svrshi-so-partnerot-po-2-neuspeshni-svrshuvachki-ne-se-brza-za-svadba-05.jpg

Во 2015-та, пак, пејачката се сврши со актерот Тејлор Кини, но ја раскинаа свршувачката по неполна година.

lejdi-gaga-se-svrshi-so-partnerot-po-2-neuspeshni-svrshuvachki-ne-se-brza-za-svadba-08_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg