Неуспешна актерска кариера, лош однос со татко му - факти за Џејмс Хејвен, братот на Анџелина Џоли
- Детали
- среда, 21 октомври 2020
Дури и да сте слушнале за него, сигурно досега сте заборавиле дека Анџелина Џоли има постар брат, кој премногу личи на неа.
Исто како Џоли, и 47-годишниот Џејмс Хејвен се пробал во актерските води, но не постигнал ни приближен успех како сестра му. Откако сфатил дека гумата не е за него, Џејмс почнал да работи како режисер.
Џејмс и Џоли се навистина блиски, и тој е можеби најголемата поддршка на актерката.
Во продолжение откријте неколку интересни работи за него и нивниот однос:
Детството го поминал со мајка му
И Џејмс и Анџелина се деца на актерот Џон Војт и актерката Марселин Бертранд. По разводот на родителите, Џејмс, заедно со Анџелина, почнал да живее со мајка му.
Поради ова, и двајцата многу се зближиле со Марселин, додека го заладиле односот со татко им.
Промена на презимето
Кога ја почнале кариерата, и Џејмс и Анџелина се откажаа од презимето Војт, а пред да се прослават и двајцата го користеле презимето на Марселин.
Во 2002-ра, Анџелина официјално го промени презимето во Џоли, кое дотогаш ѝ беше средно име. И нејзиниот брат го направи истото, па сега е Џејмс Хејвен.
Посветен чичко
Според изворите, Џејмс отсекогаш ѝ помагал на Анџелина со нејзините деца. Наводно, тој бил одговорен за тимот дадилки кои се грижеле за децата, откако Џоли се разведе од Бред. Па, може да се каже дека Џејмс е навистина посветен чичко.