Неуспешна актерска кариера, лош однос со татко му - факти за Џејмс Хејвен, братот на Анџелина Џоли
Кариера
Како што напоменавме, Џејмс се има појавено во неколку филмови и серии. Дел од неговите најголеми достигнувања се улогата во Original Sin и Stay Alive.
Џејмс е и продуцент на документарецот Trudell, а се потпишува како сценарист, но и режисер на краткиот филм Court of Conscience.
Но, неговиот успех не може ни да се спореди со оној на Анџелина.
Примирје со татко му
Во 2009-та, Џејмс почна да му се посветува на христијанството, па веројатно поради тоа посакал да им стави крај на конфликтите со татко му.
Истото го побарал и од сестра му, Џоли, па сега тројцата се во многу подобри односи.
Бакнежот со Анџелина
Дефинитивно, Џејмс привлече најмногу внимание на доделувањето на Оскарите во 2000-та. Таа година актерката освои статуетка за улогата во Girl, Interrupted, а го започна говорот изјавувајќи:
„Сега сум многу вљубена во брат ми“.
Од истиот настан е и фотографијата која ја разбранува јавноста – на неа се гледаат Џоли и Џејмс како се бакнуваат во уста.
Подоцна Анџелина прозбори за фотографијата:
„Ние сме најдобри пријатели. И тоа не беше некој чуден бакнеж со отворена уста. Разочарувачки е како нешто убаво и чисто може да се претвори во циркус“.
Одличен однос со Анџелина
Џејмс многупати има зборувано за блискоста што ја имаат со Анџелина. Тој и редовно ѝ прави друштво на важни настани како, на пример, премиерите за Salt и Maleficent.
„Секогаш одам кај Енџи за совет и не би направил ништо без неа, бидејќи сме блиски уште од детството“, има изјавено тој.
Спирова С. | Црнобело