Ја изневери пред да се породи, таа му прости – Клои Кардашијан уловена со Тристан Томпсон и мајка ѝ (фото)
- Детали
- петок, 14 август 2020
Тристан Томпсон го доби епитетот сериски изневерувач, откако неколкупати беше уловен со други девојки додека Клои беше бремена, но очигледно таа му прости и сега го носи на семејни собири и одмори.
Драмата помеѓу Клои и Тристан траеше долго – прво тој беше забележан како се бакнува со друга девојка неколку недели пред таа да се породи.
По овој скандал, тој повторно беше забележан како излегува од ноќен клуб со две непознати девојки, а откако Клои кажа дека сама ќе ја одгледува ќерката, Тристан беше уловен во афера со Џордин Вудс, најдобрата пријателка на Кајли Џенер.
По низата неверства, двајцата останаа во добри односи само заради ќеркичката, но во последно време изгледа како да се зближуваат.
Во јули 2020-та, Тристан беше присутен на нејзиниот 36-ти роденден, а имаше и гласини дека прифатила свршенички прстен од него.
Сега пак, парот е забележан како се враќа од Туркс и Кајкос, каде Кајли го прослави својот роденден во кругот на семејството, а Тристан објави фотка од таму со братот на Клои, Роб Кардашијан.
Изгледа дека Клои решила да му даде шанса на серискиот изневерувач, па повторно го врати во семејството:
М. М. | Црнобело